Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

logo osogovo113.02.2018  Управата на фудбалскиот второлигаш “Осогово“ одлучи да отвори ново поглавје во долгогодишната историја на клубот, со извесни промени во неговото претставување во јавноста, меѓу кои е и редизајнирањето на досегашниот грб.

Исто така, се работи и на креирање официјална веб страница, со што на навивачите и симпатизертие ќе им се претстават постигањата во изминатите години.

Клубот којшто е формиран уште во 1924 година, е еден од најстарите во Македонија. Во текот на богатата историја, клубот променил неколку имиња меѓу кои Султан Тепе, Витез и Хајдук, а имал и различни грбови.

Сега, шест години пред одбележувањето на 100-годишнината од основањето клубот, Управниот одбор на “Осогово“ решил дека е време за промена на досегашниот грб, со нов, со посовремен изглед. Графичкото решение содржи дел од досегашните мотиви, но освен името на екипата допишана е кратенката ГФК - градски фудбалски клуб, а освен тоа додадени се и контури на планински врвови како обележје на планината Осогово, според којашто клубот и е именуван.

Од Управниот одбор велат дека до крајот на февруари се очекува да профункционира официјалниот веб-сајт со адреса fkosogovo.com, нешто што што го немаат поголемиот дел од македонските спортски екипи. Во меѓувреме клубот се промовира преку отворените профили на социјалните мрежи и на Instagram.

Во однос на играчккиот кадар продолжува доекипирањето, при што деновиве тимот е засилен со уште две нови имиња. Се работи за Александар Игески и Дејан Велевски со што клубот доби фудбалери коии имаат прволигашко искуство. Игески е голман на 25-годишна возраст кој во есенскиот дел од полусезоната играше во Гостивар.  Неколку години претходно тој ја чувал мрежата на прволигашите “Металург“ и “Хоризонт“ - Турново, а бранел и за “Беласица“, “Локомотива“ и “11 Октомври“.

Велевски пак, е 24-годишен одбранбен играч кој игра на средината од теренот, а во екипата на “жолто-сините“ дојде од тимот на “Силекс“. Освен за кратовскиот прволигаш тој настапувал и за “Младост“ - Царев Двор, “11 Октомври“, “Пелистер“, “Новаци“ и “Вардар“ од Неготино.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 211 гости и нема членови


web counter



qr code