14.02.2018 Дарко Радески е новиот претседател на ОО на СДСМ во Кочани. По професија e правник, а работи во сопствената адвокатска канцеларија.
Во партијата е активен подолг период, при што беше член на извршниот одбор, а на претходните избори ја извршуваше функцијата шеф на изборниот штаб на партијата во Кочани.
Во телефонскиот разговор за Канал 8, Радески кратко потврди дека веќе го добил решението од партиската централа во Скопје, со што и официјално му тече мандатот на претседателското столче во партијата на власт. Засега нема други промени во раковдоните функции на општинскиот огранок на СДСМ, но се очекува наскоро да се одржи работен состанок на кој ќе се изберат нови членови на партиските тела.
За тогаш тој најави дека официјално ќе ги соопшти и своите планови за работењето на општинската организација, како и за спроведувањето на целите на партијата зацртани во нејзината програма.
Радески доаѓа на местото на досегашниот претседател Сашко Костов, кој на функцијата беше назначен во август 2013 година, а во меѓувреме стана пратеник во македонското Собрание.
Т. Ајтовски