Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Most-Lesna-Industrija-3

06.06.2013 Општина Кочани планира изградба на армирано-бетонски мост преку десниот магистрален канал на хидросистемот “Брегалница“.

Објектот ќе биде составен дел од улицата “560“ што се наоѓа во зоната Лесна индустрија. Преку него треба да се обезбеди безбеден премин на пешаци, лесни и тешки товарни возила кон просторот што Локалната самоуправа планира да го продава на поодделни парцели за изградба на деловни објекти.

Засега на овој дел постои премин преку каналот, но тој не може да ги исполни потребните услови за безбедно одвивање на сообраќајот, ниту со носивоста, ниту со ширината. За реализацијата на новото инфраструктурно решение веќе е објавен јавен тендер за избор на најповолен изведувач, а пријавувањето трае до крајот на неделата.

Заради поврзување на просторот што ќе биде наменет за изградба на објекти за лесната индустрија и сервиси, се предивдува да се изврши целосно проектирање и изградба на улицата “560“, што сега се наоѓа само на хартија. Таа треба да овозможи пристап до земјиштето што се наоѓа во државна сопственост и во иднина ќе биде предмет на продажба што ќе ја спроведува Општината.

По изборот на најповолниот изведувач, се предивдува градежните работи да започнат најмногу за два месеци. Со тоа до крајот на годината би требало новиот премин преку каналот да биде ставен во употреба, што на Локалната самоуправа ќе и овозможи зацртаните парцели да ги стави на продажба.

Т. Ајтовски

Сподели

Most-Lesna-Industrija-5Most-Lesna-Industrija-1Most-Lesna-Industrija-4Most-Lesna-Industrija-6

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code