X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zakrojuvanje kocani14.02.2018  Симболично полевање на лозата со вино и ракија за богат род и молба за заштита од град и суша.

Лозарите и годинава го направија адетот. Го закроија лозјето во чест на христијанскиот празник Св. Трифун, кој според верувањето е заштитник на лозовите насади и земјиштето што се обработува. Свештеникот читаше молитви за богат род и заштита од штетници.

Лозарите рекоа дека 2017 поминала со слаб род на грозјето бидејќи имаше големи мразеви и ниските температури ги измрзнаа лозовите насади, сепак во 2018 очекуваат да нема големи штети на лозовите насади и да има богат род.

- Лани поминавме многу слабо, измрзнаа лозовите насади и немаше род. Оваа година се надеваме да биде подобро, немавме измрзнување, значи очекуваме богат род, но треба и да се работи, рече Милан Гошев, лозар од Оризари.

- Еве ја продолживме традицијата и годинава на празникот на лозарите Св. Трифун ги закроивме лозјата и го свештеникот ни го благослови родот, вака ќе продолжиме и во динина, рече Марјан Иванов, лозар од Оризари.

На закројувањето на лозјата присуствуваа голем број верници и гости , лозари и овоштари од Кочани, а свештеникот го благослови и пресече славскиот колач. По традиционалното закројување, присутните се почестија со богата трпеза и наздравија со чашка ракија и вино. Годинава очекуваат подобар и побогат род од лани. Традиционалниот собир за закројување продолжи со песна до доцните попладневни часови.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click