Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sapuric vinica14.02.2018  Извозно ориентираните компании кои со завршната сметка ќе прикажат раст од претходната година ќе бидат субвенционирани од државата, најави министерот без ресор Зоран Шапуриќ, кој оствари работна средба со менаџментот на компанијата “Макпрогрес“.

Целта на Владата е постојано да комуницира со бизнис секторот, да се дискутира за нивните понатамошни идеи и развојни планови како и за проблематиката, на побрзо решавање на барањата на бизнис секторот, за новите мерки на Владата за домашните инвеститори, но како мала земја мора да се има и домашно производство, рече Шапуриќ.

- Новите мерки содржат повеќе сегменти. Еден од тие сегмети е да по завршната сметка, а оваа компанија “Макпрогрес“ веќе има инвестиции во изминатата година, оние компании кои што ќе покажат раст, да добијат дел од инвестираната опрема по усвојување на законската регулатива во хали и во нови вработувања и тоа во секоја наредена година по поднесување на завршни сметки, поддршка за учество на саеми, поддршка за добивање на разни сертификати кои се потребни за извоз, рече Зоран Шапуриќ, министер без ресор.

Проширување на капацитети, промоција на нов бренд и нови вработувања, најави сопственикот на “Макпрогрес“, Глигор Цветанов.

- Од страна на министерот бевме запознаени со новите регулативи односно за заложбите на владата за помош на извозно ориентираните компании, за што сме благодарни и ние би аплицирале за искористување на такви мерки. Разговаравме и со градоначалникот на општина Виница за нашите планови за ширење, за изградба на нова фабрика, за нови вработувања. Очекуваме новите економски аташеа кои Владата планира да ги вработи би сакале да им бидеме нивни домаќини да се запознаат со капацитетите на Макпрогрес и после нивниот ангажман би биле наши екомномски амбасадори во странските земји, рече Глигор Цветанов, сопственик на “Макпрогрес“.

Општината ќе ги поддржи домашните компании и ќе помогне во кратењето на бирократските процедури, рече градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

- Разговаравме за зоните кои што ги нуди нашата општина. Се надевам дека добрата соработка со Владата на Македонија ќе даде допринос за поголем број инвестиции во нашата општина. Една таква инвестиција е најавена од фабриката “Макпрогрес“. Се надеваме дека бирократските процедури ќе ги поедноставиме и законите кои што ги има во  Македонија и во иднина овие работи ќе можеме многу побрзо и пократко да ги   решаваме, рече Ивица Димитров, градоначалник на општина Виница.

Министерот Шапуриќ најави посета и на другите компании во Виница и регионот со цел одблиску да ги чуе проблемите со кои се соочуваат и мерките кои актуелната Влада треба да ги презема за нивна поддршка.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code