Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ekstra fungi saem15.02.2018  Кочанската компанија “Екстра фунги“ и годинава го претстави македoнското производство на органска храна на меѓународниот саем Fruit logistica во Берлин, што се смета за најголем ваков настан во светот.

Нашиот бренд веќе 7 година по ред е учесник на овој собир на кој фирми од сите контитенти изложуваат овошје и зеленчук и ја презентираат здравата органска исхрана. Со оглед што скоро целосно производството на “Екстра фунги“ е наменето за извоз, прeтставувањето на саемот беше можност да се освојат нови пазари и да се потврди присуството во земјите каде машата трговска марка е препознатлива со години.

Во Берлин беше претставeнa палетата од проiзводи што веќе се наоѓаат во продажната мрежа во западноевропските земји.

Освен овде, органските земјоделски производи на 20 компании од Македонија, меѓу кои и оние на “Екстра фунги“ се дел од најголемиот саем за органски производи Biofach што до 17 февруари се одржува во градот Нирнберг во Германија. Со поддрршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство втора година по ред нашите производители на сопствен штанд ги претставуваат своите за органски производи.

Според Сашко Антовски, директор на “Екстра фунги“, можноста да се биде дел од најголемиот саем за органска храна овозможува да се остварат директни средби со потенцијални купувачи, но и да се следат трендовите и новините во органскиот сектор. Минатата година биле остварени контакти со десетина заинтересирани купувачи па компанијата започнала извоз во Италија.

На овогодинешното издание на Biofach се претставуваат 2,950 меѓународни изложувачи, а се очекува да присуствуваат над 50,000 трговци со органски производи и опрема за органско производство.

За подобра промоција на македонските органски производители, министерството со помош на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост- ИМЕ изработи промотивен каталог на органски производи на кој покрај компаниите кои се изложувачи, се претставени и компании и производители кои не беа во можност да присуствуваат на овој саем.

Инаку, “Екстра фунги“ е фрима основана во 1988 година и на почетокот се занимавала со откуп на шумски плодови, а пред десетина години беше изграден нов објект со ладилник и преработка на производите. Оттогаш компанијата бележи постојан раст и проширување на производството со воведување нови производи во областа на органската исхрама.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 127 гости и нема членови


web counter



qr code