X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani novo16.02.2018  790 метри квадратни деловен простор што е во нејзина сопственост нуди под закуп Општина Кочани. Се работи за простории во објекти во градот и во селата Грдовци и Долни Подлог.

Дел од просторот и до сега имал корисници, но поради истекот на периодот за закуп, распишан е нов оглас со кој тој повторно се нуди за изнајмување. Во зависност од површината, односно од местото каде се наоѓа деловниот простор, различен е и износот на закупнината.

Притоа, за сите простории што се издаваат ќе се одржи јавно наддавање, а со корисниците ќе се склучи договор за закуп на 10 години.

Со огласот се бара нов корисник на просториите со површина од 290 метри квадратни во Долни Подлог, каде почетната цена е околу 10.800 денари. За просториите во Грдовци, каде на 262 метри квадратни работеше месната заедница почетната цена е 8.800 денари.

Во градот пак, Општина Кочани издава три делови од објекти што се во нејзина сопственсот, од кои два се лоцирани кај градските гробишта. Се работи за простории со корисна површина од 46 и од 102 метри квадратни, при што за првите почетната цена на наддавањето е 6.820, а за вторите 26.410 денари. Исто така, во Кочани се издава и простор од 90 метри квадратно што се наоѓа на улицата “Македонска“. Почетната цена што е определена за лицитацијата е 8.822 денари.

Предметот на понудата е деллив, односно еден понудувач може да поднесе понуда за еден дел на предметот на закуп, односно за еден објект, за два или повеќе објекти или делови на предметот на закуп, или за сите објекти, односно делови на предметот на закуп.

Право на учество имаат домашни и странски правни и физички лица кои ќе уплатат паричен депозит во висина од 2 отсто од вкупмнатѕа проценета вредност на просторот што се нуди од закуп.

Пријавувањето за учество на огласот е до 5 март, а јавното наддавање ќе се одржи една недела подоцна. Пријавите се поднесуваат електронски преку веб страницата www.e-stvari.mk.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click