Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo dubocica19.02.2018  Екипата на “Осогово“ доживеа пораз на третиот контролен натпревар што го одигра во рамки на подготовките пред почетокот на пролетната сезона во Втората фудбалска лига.

Во саботата на гостувањето во Србија против тимот на “Дубочица“ од Лесковац, “жолто-сините“ примиле два, а постигнале само еден гол со што ја прекинаа успешната серија што ја започнаа во одигрувањето на пријателските натпревари. Сепак, и покрај неповолниот резултат, била прикажана добра игра во која нашата екипа имала можности и да извлече реми.

Домаќините први имале посериозна шанса за погодок во 15. минута, но гостинскиот голман Игески успеал да го одбрани слободниот удар што го извел Станковиќ. Десетина минути подоцна шутот на Стојановиќ завршил во пречката на гостите, а домашните дошле во водство дури во 41. минута со погодокот на Грујиќ, па со таков резултат се отишло на пауза.

Во вториот дел од натпреварот водството на “Дубочица“ било зголемено на 2:0 со голот што го постигнал Милутиновиќ во 60. минута. Гостите од Кочани успеле да го ублажат поразот во 75. минута со погодокот на Стојов, а при самиот крај на натпреварот пропуштиле можност по ударот од корнер да го изедначат резултатот.

Иако се очекуваше стручниот штаб на “Осогово“ на располагање да ги има сите играчи, сепак поради обврски, во Србија не отпатувале тројца првотимци. И поркај тоа тренерот Крстев е задоволен од прикажаната игра и кондициската и тактичката подготвеност, пoради што е оптимист дека екипата ќе биде во добра форма до почетокот на вториот дел од Првенството.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 136 гости и нема членови


web counter



qr code