Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vera kotorka19.02.2018  До почетокот на летото треба да заврши изградбата уште на два потпорни ѕида и на два крака од улицата “Стамен Манов“ во Ромското маало во Кочани. Според проектната документација планирано е целосно да се завршат уште 320 метри од сообраќајницата, како продолжение на претходно реализираните работи за изградба на потпорни ѕидови и асфалтирање на коловозот.

Локалната самоуправа веќе објави јавен тендер за избор на најповолен изведувач на градежните работи, а пријавувањетро на заинтерeсирaните фирми е до четврток. Поради конфигурацијата на теренот со проектот е предвидена изградба на потпорни ѕидови во должина од 55 и височина од 2, односно 4 метри.

Вкупната вредност на градежните работи се планира на околу 2,5 милиони денари, а Општината ги обезбеди парите преку Министерството за транспорт и врски со програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Освен на оваа, во наредниот период градежни работи ќе има и на три крака со вкупна должина од 350 метри на улицата “Вера Которка“ во населбата Монополски бавчи. И за овде од буџетот на Општина Кочани се обезбедени 2,5 милиони денари, што се дел од Програмата за изградба и реконструција на улици и локални патишта во 2018 година.

Тендерската постапка за избор на изведувач на работите и за оваа улица е веќе објавена, а рокот за пријавување е до 27 февруари. По потпишувањето на договорот со фирмата чија понуда ќе биде избрана како најповолна, асфалтирањето на трите крака треба да се реализира во период од 4 месеци.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/23°C
Недела6°C/20°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 253 гости и нема членови


web counter



qr code