Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

triko vinica19.02.2018  Блокирани влезови имаше попладнето фабриката “Зона Трико“ од Виница. Работниците и доверителите на тој начин се обидоа да го спречат изнесувањето машини, откако забележале дека во фабричкиот круг дошле камиони во кои требало да се натовари опремата.

Пред портирницата дојде и стечајниот управник кој го донесе решението од судот дека сопственикот на фабриката не смее да отуѓува ниту еден дел од имотот.

Дел од вработените кои се членови на Синдикатот рекоа дека со години чекаат да им бидат исплатени заостанатите плати, за кои уште на минатогодишните протести информираа дека за четири месеци добивале надомест само по 1 денар.

- Еве, камиони има тука, товарени машини, газдата никаде го нема. Ние сме засегнати и сакаме да се расчисти случајот. Кривична пријава имаме поднесено, ама ништо, реакција нема веќе два месеци, значи сите се на негова страна, сите го штитат. Испративме писма до сите министерства, наидовме на одѕив само во Министерството за труд и социјала, ни одговорија  и ни кажаа дека ќе се ангажираат, а другите останаа да молчат, не комуницират со нас, немаме никакви сознанија. Меѓутоа, ние не се откажуваме, ќе одиме упорно, рече Лилјана Стоименова , работничка од “Зона Трико“.

- Во која фирма се изнесуваат машини во време кога е поведена стечајна постапка? По сите институции одиме и досега никој не се огласи по тие наши барања. Не бараме ништо друго, освен личните доходи да ни се исплатат, тоа е наше право и никој не може да ни ги скратува тие права. И ќе одиме до крај, нема да застанеме на тоа, се додека нешто не се расчисти, рече Павлина Арсова, работничка од “Зона Трико“.

Освен поранешните работници во “Зона Трико“, побарувања имаат и доверителите кои извршиле услуги, а подолг период чекаат да им биде платено за тоа.

- “Зона Трико“ ми должи веќе 2,5 години, 50 илајди евра за услуги направени во превоз, за транспорт на стока за Германија. Значи, покрај сите молби и неколку средби со сопственикот на фирмата, денеска ќе дојдат купувачи, утре ќе дојдат, задутре ќе дојдат, денеска видовме дека ќе изнесуваат повторно машини, неколку пати бевме сведоци на изнесување машини. И кога сега видовме, реагиравме до извршители, до стечајниот, претстечајниот управник кој го донесе решението од судот дека има забрана за изнесување и какво било влегување во фирмата, рече претставник на доверителите.

Според сознанијата што ги имаат доверителите, фирмата “Зона Трико“ им должи вкупна сума од околу 1 милион евра. Од имотот со кој располага во моментот фабриката, тие не се сигурни дали ќе можат ги наплатат своите побарувања. Бараат надлежните да го спречат изнесувањето на машините, односно да се преземат мерки против направеното прекршување на решението што го донел судот.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: NNW при 15 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 142 гости и нема членови


web counter



qr code