X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodovod zgrada21.02.2018  По реакциите на граѓани во врска со поплавените подрумски простории на зградите кај централното градско подрачје, за што пред неколку дена информираше Канал 8, екипи на КЈП „Водовод“ веднаш излегоа на терен со цел да се констатира од каде доаѓа водата што овие жители ги мачи со години.

- Ние како комунално јавно претпријатие за да излеземе во пресрет на истите, излеговме на терен да ја констатираме фактичката состојба дали се работи за подземни води поради повисокото ниво на реката или се работи за дефекти настанати од водоводната мрежа. Веќе сме на терен, правеме одредени наши активности со копање, со утврдување на проток на вода и се надеваме дека ова во најскоро време ќе биде надминато и дека нема повеќе да се јавува како проблем, рече Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

При поројни дождови и кога ќе се зголеми нивото на реката станарите во зградата кај Трговскот центар на улицата „Маршал Тито“ мака мачат со поплавените подрумски простории. Не можат да си ги користат подрумите и не можат да чуваат дрва за огрев ниту зимница.

Тие неколку пати јавно го искажуваат својот проблем и велат дека потребна е брза реакција оти ситуацијата станува посериозна бидејќи од водата што е постојано е во подрумите зградите веќе напукнале однадвор па станарите се плашат од евентуална катастрофа.

По интервенцијата на КЈП „Водовод“ и по утврдување на причината за навлегувањето на водата, се надеваат дека нивниот долгогодишен проблем ќе биде решен.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click