X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komisija finansii21.02.2018  Спроведувањето на проектот “Растеме со еко ресурси“, што во Општина Кочани се реализираше преку Еразмус плус програмата, беше една главните теми за кои се разговараше на седницата на Комисијата за финансии и буџет.

Вниманието беше насочено кон распределбата на средствата за дел од лицата кои биле вклучени во реалзиацијата на самиот проект, при што претседателот на Комисијата, Ѓорѓи Алексов истакна дека поставил советничко прашање за ова, но не добил соодветен одговор.

- Дали документите или целата документација со сите проекти, како што е и Еразмус плус програмата, се класифирциран материјал од стгрого доверлива или државна тајна, така што членовите на Советот на Општина Кочани не можат да дојдат до тие податоци и не можат да ги разгледуваат, рече Ѓорѓи Алексов, претседател на Комисијата за финансии и буџет.

Одговорот стигна од секторот за Локален економски развој, од каде рекоа дека се работи за проект што е реализиран со буџет од 96.500 евра, при што Општина Кочани била носител на проектот, а биле вкучени и ОУ “Раде Кратовче“ , НВО Локална акциона група од Кочани и три партнери од Пазарџик , Република Бугарија.

- Во делот на податокот за информациии кои лица од општинската администрација добиле надоместоци од овој проект, ви даводме одговор дека податоците се доверливи. Во однос на сегашното прашање дали сиоте проекти, сите податоци се класифицирани и доверливи, тоа зависи од самиот донатор и условите пропишани во договорите за грант, рече Елена Димитровкса, раководител ан Секторот за ЛЕР.

Димитровска додаде дека од Националната агенција за европски образовни програми и мобнилност, која е спроведувач на програмата Еразмус плус во Македонија, била направена контрола на реализираниот проект и не биле пронајдени пропусти. Сепак, таквиот одговор, од Алексов, беше оценет како нецелсосен.

- Прашањето беше мошне јасно, кои се тие лица и по кој основ се избрани токму тие за да ги земат средствата. Значи, според она што го прочитавте како заклучок од извршената контрола никаде нема одговор дали тие лица имаат право да земаат средства или немаат право, и сметам дека доколку органите вистински постапат по претставките и сомненијата што се уште ги имаме, ќе треба да се даде одговор кој е начинот да бидат избраби токму тие лица и токму таа вредност да биде поделена со нив. Тоа е едната работа, а втората е што не смееме да се доведеме во ситуација каде поради коруптивни дејства, дали станува збор за врабиотените или надворешни лица, без разлика, да губиме проекти што ќе следуваат во иднина, додаде Алексов.

Комисијата за финансии со три гласа “за“ иеден “воздржан“ ја усвои информацијата за аплицираните и реализирани проекти во текот на минатата година, а истата ќе се најде на разгледување и пред Советот на Општината на седницата што е закажана за в петок.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 59 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click