X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

parking kej na revoluicija22.02.2018  Советот на Општина Кочани на седницата в петок, меѓу другото, ќе одлучува и по предлогот за измена на Планот за јавни набавки, во кој, покрај повеќето ставки влегува и планираната набавка за изградба на паркинг на „Кеј на Револуција“.

На потегот на оваа улица, непосредно по мостот кај Шопинг-центарот дo Центарот за култура „Бели мугри“, Локалната самоуправа преку Одделението за уредување на градежно земјиште планира преуредување на простор со површина од околу 300 м2.

Според градоначалникот Илијев, тоа се прави поради измената на режимот на сообраќај на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Тодосија Паунов“ и воведувањето двонасочен сообраќај, заради што се јавила зголемeна потреба за паркирање на оваа сообраќајница.

Според предмерот ќе се врши ископ на асфалтно-бетонските површини, рабниците и земјата, по штоп ќе се направи тампонирање и ќе се постави нов асфалт со рабници. Илијев нагласува дека ќе нема уништување на зелените површини, односно дрвјата што веќе се засадени ќе останат на своите места.

Со цел да ги објасни и директно да им ја предочи актуелната состојба на оваа сообраќајница и планираните активности, Илијев, заедно со претставници на Советот излезе на терен.

Поради близината на шеталиштето покрај кејот на Кочанска Река и тротоарот од другата страна на „Кеј на Револуцијата“, оваа тротоарска површина со години наназад е малку искористена. Со овој проект се предвидуваат нови 22 паркинг места, од кое едно е за инвалидни лица.Ако Советот одлучи позитивно, за овој инфаструктурен зафат ќе бидат наменети 900 илјади денари.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click