Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstinsko korisna rabota22.02.2018  15 лица во пет различни области се ангажирани на работни задачи преку проектот за општинско корисна работа.

Главни обврски им се давањето услуги на деца од предучилишна возраст, услуги на стари и изнемоштени лица, асистенти на лица со хендикеп, услуги во Центарот за донација, како и во посредувањето при делење на храна во народната кујна.

Ангажираните лица работат по четири часа дневно во работните денови и добиваат бруто надоместок 6.200 денари, од кои се плаќа персонален данок и осигурување. Задоволни се од работата што ја извршуваат, посебно поради фактот што им помагаат на лица од социјално ранливите категории.

- Имам доста проекти зад себе, меѓутоа на овој проект сум првпат ангажирана на позиција воспитувач едукатор во „Павлина Велјанова“, клон 3. Покрај тоа што сум менаџер, сум и самохран родител. Значи, да се работи со деца е нешто најблагодарно и племенита работа што секој ден учиме и ние како и децата. Ги опслужувам сите групи, од јасли до голема група, имаме различни работни задачи и задолженија, од занимање, едукација, англиски јазик, математика, во средна и голема група, секако и грижа и нега за помалите дечиња во јасли и прва мала група. Претходно имав работено еден месец во училиште по друга програма, ова ми е второ искуство работа со дечиња, добро функционираме со колегите тану, секогаш ме инспирира работата со деца и би сакала да речам, ако има можност, да продолжам да останам со оваа работа, рече Христина Илиева, дипломиран економист менаџер.

- Добро е, со народ, трпение, некогаш тие се нерасположени, мораш да бидеш трпелив на никого не му е сеедно во денешно време, и така ќе биде, супер е, рече Спасена Вучкова Христена, ангажирана со проектот.

- Работам кај стари и изнемоштени луѓе, посетувам шест лица од кои најмладата е 61, а најстарата е 84 години. Тоа се луѓе полни со предизвик, со знаења, со хумор, со работи што се чувствуваш непријатно кога во одреден момент знаат да те орасположат, да ти дадат елан, да можеш повеќе да работиш. Со овие луѓе ние се надополнуваме, рече Јасминка Лазарова, ангажирана со проектот.

Услугите од проектот општинско корисна работа се спроведуваат во градот и две рурални средини, а едно лице е ангажирано за давање услуги на лицата од ромска националност. Проектот го финансираат UNDP и Министерството за труд и социјална политика, а на локално ниво го реализираат Општина Кочани, Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и Здружението „Благородна мисија“.

Во изминатите години, преку овој проект беа ангажирани четириесетина лица, кои се долгорочно невработени или социјално ранливи, а на петнаесетина од нив Програмата им помогнала да се вработат. Со проектот им било помагано на над илјада лица од различни возрасни категории во Општина Кочани.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code