X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

info sesija organsko zemjodelie22.02.2018  Земјоделците од регионот, посебно оние што одгледуваат градинарски култури, но и оризопроизводителите и другите лица ангажирани во земјоделието, беа дел од информативната работилница за органско земјоделско производство што се одржа во Кочани.

Инфо сесијата се одржа во рамки на Програмата за зголемување на пазарната вработливост, чиј носител е фондaцијата Свисконтакт, со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

- Целта е да видиме колку овие органски производи се бараат и кои се можностите на земјоделците да станат органски производители, што се треба да исполнат и да видат дека тоа не е тешко. Едноставно, кога се сака можат многу лесно да произведат органски производи и да ги продадат по повисока цена. Апсолутно ќе бидат поконкурентни, ги запознававме со светските трендови, што е тоа што на глобално ниво се случува, органското производство е вториот најбрзорастечки во текот на мината година. Швајцарија и Данска имаат стратегија до 100% од нивното производство да биде органсжко, пазарите во Европа бараат органски производи и се она што можеме да го произведеме се заинтересирани да го откупат, рече Габриела Мицевска, координатор на програмата.

Според Мицевска, интересот кај земјоделците во Македонија е се поголем за органското производство, особено што за тоа што имало повисоки субвенции. Сепак, во последните години освен оваа поволност, земјоделците доаѓаат до сознанија дека многу полесно можат да ги продаваат своите производи ако се органски.

- Имаме наши насади со цреши што се сертифицирани како органски, од оваа година сме на преод на производство на органска пиперка, која исто така и ја преработуваме, значи не само производители, туку и преработувачки капацитет, со урда, со хумус имаме, така, конвенционални производи и така. Едукацијата е најбитна, треба да се информираме, да знаеме што и како, инаку не е тешко откако ќе се влезе во тој контекст на производство, рече Жаклина Филипова, претставник на компанијата “СА-МО Бионатура“ – Блатец.

Пред присутните на инфо сесијата беа претставени предностите на органското производство на храна, потенцијалите со кои располагаат нашата земја и регионот, барањата на странските пазари, но и можноста да се направат директни договори со потенцијални откупувачи на органски земјоделски производи.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click