Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

divogradbi23.02.2018  Жителите на населбата Tрајаново Tрло во Кочани со барање и петиција до одговорните во Локалната самоуправа за неколку нивни проблеми што се провлекуваат со години. Станува збор за нелегално изградените објекти кои никнуваат како печурки, а ништо не се презема да се спречи таквата појава.

Освен дивите градби, им пречи отпадот и депонијата која што ја создаваат луѓето кои живеат во дивоградбите, а кои не водат сметка дали ќе предизвикаат депонии со препродавањето старо железо или друг отпаден материјал.

- Поодамна се соочуваме со проблем на диво градење во нашата населба, а како резултат на тоа се дивите депонии околу дивоградбите. Значи реагираме подолг период и неидовме на разбирање од општинските власти, па се надеваме на новата локална власт. Напишавме и петиција до градоначалникот со цел да се преземе нешто во врска со никнувањето на дивоградбите. Бараме депониите да бидат исчистени, не само сега, туку да се најде долгорочно решение за справување со депониите. Обично тие луѓе што градат дивоградби и што ги прават депониите се собирачи на старо железо, го селектираат отпадот и тоа што е за продажба го носат на продажба, останатиот дел завршува близу до нашите домови и претставува вистинска зараза. Инаку, сите овие објкети се дивоградби, некои од порано изградени некои сега. Бараме ако не можат да се отстранат, барем да се стави крај да нема нови, рече Ацо Коцев, жител на населбата „Трајаново трло“.

- Ние не сме должни да седеме во ваква депонија, бараме да се преземе нешто да се очисти депонијата и да се посадат дрвца или нека ни дадат ние ќе посадиме дрвца, ова нема смисла веќе во ваква депонија да живееме секојдневно, рече Љубица Стоименова, жител на населбата „Трајаново трло“.

Жителите реагираат и за уште една депонија кај игралиштето во близина на Колерските гробишта и бараат нејзино трајно отстранување, а и ставање крај на истекувањето фекалии од шахтите до депонијата кои што истекуваат на асфалтот и се извор на зараза.

И не само тоа. Овие жители реагираат и за несовесното однесување на одредени лица кои што живеат таму а се однесува на тоа што возат технички неисправни и нерегистрирани возила, а немаат возачки дозволи. Неретко со возилата управуваат и деца од 10 или 12 години, што дополнително предизвикуваат сообраќајни несреќи за кои што исто така не одговараат. Жителите бараат почеста контрола од сообраќајната полиција.

- Раскрсницата кај бившата депонија за градежен отпад претставува една црна точка на која досега се имаат случено околу 10-тина сообраќајни несреќи. Учесници се истите луѓе собирачите на старо железо кои што возат технички неисправни возила, нерегистрирани без возачки дозволи и претставуваат потенцијална опасност за другите учесници во сообраќајот. Бараме поставување на сообраќајни знаци, “лежечки полицајци“, почеста контрола од полицијата за да се види кој управува со возилата, рече Коцев.

- Сведоци сме секојдневно дека тие луѓе возат скршени нерегистрирани возила, ама не само тие што возат, туку даваат и на деца од 10 или 12 години да управуваат со возило и ние реагираме оти се плашиме за напите деца, рече Стоименова.

Жителите поднесоа петиција и за овие проблеми ќе го информираат и градоначалникот, а бараат итно решавање на истите.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 68%
Ветер: SE при 7 kmh
Вторник13°C/26°C
Среда13°C/27°C
Четврток12°C/24°C
Петок14°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 65 гости и нема членови


web counter



qr code