Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet723.02.2018  Состојбата со криминалот, посебно со малолетничката деликвенција во Општина Кочани, останува актуелна тема за која имаше поголем број дисксуии и на седницата на Совeтот на Општина Кочани.

Можеа да се слушнат забелешки, предлози и мислења од советниците како да дојде до подобрување, иако на моменти дискусиите како да излегуваа од делокругот на надлежниоте органи.

Анализата за откриените криминални дела што ги сториле малолетници во текот на минатата година пред Советот ја даде командирот на Полициската станица од Кочани, изнесувајќи податоци дека во одделни сегменти има подобрување, но глобалната состојба останува неповолна.

- Ние во севкупниот криминал имаме намалување на учеството на деца, на малолетници во извршувањето, но за таа цел имаме зголемен број на извршители-малолетници, зголемен е бројот некаде за 9 отсто. Имаме зголемен број на деца-извршители во кривичните дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. Исто така, во делот на вршење кривични дела имаме одреден број на рецедивисти, значи повторници, кои учествуваат со околу 9 отсто, што е зголемено од минатата година, рече Горанчо Јакимовски, командир на Полициска станица – Кочани.

Јакимовски додаде дека Полицијата редовно презема превентивни мерки и контроли за да се намали бројот на деликвентни постапки кај малолетниците, но беше упатена забелешка за откривањето нови девијанти појави што во извештаите од претходните години ги немало, како и за однесувањето на одделни полициски службеници при контролите на лице место.

- Има за првпат пријавени уживатели на опојни дроги, значи деца, 7 деца до 14 години мислам дека беа. И втората работа за која мене пи падна чудно и за која можеби ние како советници сме должни во ситуација да дојдеме, да даваме апел тука од говорница. Фактот дека споредбата 2017 до 2016 година во однос на прекршокот за безбедност во сообраќајот, значи имало 4904, а сега има 2471, меѓутоа тоа беше образложено како факт дека како прекршители се јавуваат само 6 деца што е навистина малку. Ние констатиравме дека навистина службата за внатрешни работи и делот за сообраќај се доведени во ситуација да немаат право да казнуваат малолетни деца, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Имаме ситуација дека пред 24 часот, 15 - 20 минути пред 24 часот, во локалите да настане некој хаос, кој е малолетник, кој не е,  и на некој начин се расипува ноќниот живот на младите во градот. Треба да се почитува законот, не апелирам да го кршите, но сепак барам мала флексибилност, и за доброто на угостителските објекти, а и на самите малолетници, има некои кои за месец-два, по 16, 17 години, сега треба да станат 18, мислам дека тука треба да бидеме толерантни за доброто на младите, затоа што така се создава поубава атмосфера, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

- Значи , законот е дециден, дали е 18 или 17 и десет месеци, законот вели дека е малолетник, дека уште е дете. Ние постапуваме согласно законските норми, тие не дозволуваат флексибилност. При контрола на угостителските објекти најмалку последици имаат малолетниците и родителите, одговорноста е на сопствениците на угостителските објекти и на правните лица, рече Горанчо Јакимовски, командир на Полициска станица – Кочани.

Во дискусиите на советниците се слушна мислење дека освен Полицијата, за намалување на девијантните појави меѓу малолетниците треба да помогнат и други институции, но и семејствата.

- Мислам дека повеќе треба да зборуваме, ако веќе зборуваме по оваа информација, колку, како и на кој начин е координацијата помеѓу Полициската станица во Кочани, колку е тука присутен Центарот за социјални работи, колку се присутни сите други инспектори кои се надлежни да ги контролираат, и трудовите инспектори, и санитарни инспектори, оти и такви проблеми се јавуваат, и колку тука, на крајот на краиштата сме присутни и ние како родители, рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

И кога се очекуваше расправата да приврши, таа се разви во сосема поинаков правец.

- Секојдневно се соочуваме, до нас како советници, укажувања дека постои многу поголем број на пуштање дроги, особено кај младите и тоа што загрижува фактот дека деца под 14 години, што би рекле за оние средношколци до 18 години, значи, сознанија за некои дроги-апчиња кои што ги делат на четири и ги продаваат, ги купуваат за некои 200-250 денари. Сетотоа се шпекулации, ние не знаеме за што воопшто станува збор, меѓутоа должност ни е тоа овде да го кажеме, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Сметам дека нема потреба да се шири паника со дезинформации од оваа говорница дека бројот на криминал бил многу поголем отколку што бил санкциониран, за некакви таблети што се делеле на четири, што чинеле 250 денари. Тоа мислам дека е недолично да се кажува од оваа говорница, затоа што сметам дека не е издржано, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

- Должност ни е да го кажеме тоа, дали постои или не, јас не сум за тоа, значи Министерството за внатрешни работи е должно да го испита. Не дека ќе создаде паника, подобро да превенираме, отколку да делуваме, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

На крајот, Информацијата за состојбата со малолетничката деликвенција во општината во текот на минатата година беше едногласно усвоена.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code