X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodovod tabla vlez23.02.2018  КЈП „Водовод“ брзо реагира по реакциите на одредени граѓани за проблеми со кои што секојдневно се соочуваат, а се во доменот и проблематиката на претпријатието.

По реакцијата на граѓаните и искажувањето во јавноста за неисчистениот простор пред хотелот „Центар“ по реакција на локалната самоуправа КЈП „Водовод“ веднаш интервенираше и го исчисти просторот кој што беше претворен во вистинска депонија и опасност од ширење зарази.

Слична ситуација имаше и на просторот кај бараките кај пазарот во Кочани при што по реакцијата на граѓани за што информираше и Канал 8, претпријатието и локалната самоуправа ги санираше т.н. “јавни“ тоалети во овој дел од градот. Иста ситуација е и со чистењето места и мини депонии во периферните делови од градот, како и централното градско подрачје за кои што претпријатието имало дојава и реакција од граѓани, како и интервенција на претпријатието по реакцијата на граѓани за долгогодишниот проблем со поплавите во подрумските простории кај зградите во централното градско подрачје.

Од „Водовод“ велат дека со ваквата пракса да бидат во целосна услуга на граѓаните ќе продолжат и понатаму, а ќе воведат и посебна телефонска линија за пријавување на тековни проблеми.

- По било која реакција на граѓани дали ќе биде презентирана преку медиуми или директно во претпријатието, ние во најбрз можен рок интервенираме и ги решаваме проблемите. Сакам да најавам дека ние ќе воведеме посебна телефонска линија која што ќе биде наменета исклучиво да можат граѓаните да се јавуваат тековно, секојдневно да ги пријавуваат нивните проблеми, било да се комунални или дефекти на водоводната мрежа, со цел да ги сервисираме навремено, рече Андреј Киров, в.д директор на КЈП „Водовод“.

Ќе се работи и на навремено отстранување и чистење на сметот, додава Киров.

- Во најскоро време до населените места ќе пуштиме камиони или трактори за да почнеме со отстранување на сметот со цел да не се стварат регионални депонии, па да одиме да ги чистиме депониите, туку навремено да го собираме сметот од домаќинствата и да го носиме на градската депонија, рече Киров.

Околу воведувањето на телефонската линија за пријавување дефекти или други комунални проблеми како и околу воведувањето на возилото за смет, Киров рече дека граѓаните преку медиумите ќе бидат благовремено известени со цел да се подобрат состојбите и условите во градот во кој живееме.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click