Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fudbal stars200626.02.2018  Со освоено прво место се врати екипата на “Фудбал Старс“ од Кочани од меѓународниот турнир “Сандански куп“ што по шести пат се одржа во истоимениот град во Република Бугарија.

Нашиот клуб го претставуваа фудбалерите од генерацијата 2006, кои со вкупно 4 победи против сите противници го потврдија талентот и одличната подготвеност и заслужено го добија златниот пехар и медалите. Освен нашата екипа, во оваа конкуренција немало други претсавници од Македонија.

Најавата за успехот нашите млади фудбалери ја имале уште на првата средба против бугарската екипа “Мињор“ од Перник, при што победиле со убедлив резултат од 5:0.

Во второто коло бил совладан тимот на “Софија спорт“ со 1:0, а во третото коло повторно оствариле убедливо водство и победа од 5:1 против екипата на “Локомотив ГО“ од Софија. Со тоа го обезбедиле учеството во финалето за освојување на првото место.

Завршната средба се одиграла во неделата, а нашиот тим за противник ја добил силната екипа на “Септември“ од Софија. Изедначениот квалитет и резултатот од 2:2 по завршувањето на регуларниот дел од натпреварот не ја разнишале самодовербата на момчињата од “Фудбал Старс“, па по изведувањето пенали тие имале поголема сигурност и спортска среќа, и со резултат 6:5 дошле до шампионската титула. Одличниот настап на нашиот тим е потврда дека Кочани располага со талентирани фудбалери на кои им е неопходна соодветна поддршка.

Турнирот во Сандански поминал во одлична атмофсфера, при што учествувале вкупно 80 екипи со фудбалери од генерациите од 2001 до 2009 година. Освен натпреварите, за присутните тренери и спортски рабоитници од сите тимови бил организиран и стручен семинар.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 99 гости и нема членови


web counter



qr code