X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

robotika ugd26.02.2018  Победничката екипа составена од основци и средношколци од Кочани, кои минатиот месец го освоија првото место на меѓународниот натпревар од First Lego лигата во Белград, го обезбеди натамошното учество.

Факултетот за информатика од Унивезртитетот “Гоце Делчев“ прифати да биде главен покровител на нашиот тим кој ќе настапи на меѓународен натпревар во Словенија.

Станува збор за натпревар по инженерство, а учество земаат ученици од целиот свет. Штипскиот Факултет за информатика ќе го поддржи кочанскиот тим и финансиски и менторски.

- Факултетот за информатика со задоволство ја прифати иницијативата на Клубот по роботика од средното училиште „Ѓошо Викентиев“ да биде покровител и да помогне во реализација на натпреварот First Lego League, регионален натпревар кој ќе се одржи во Словенија. Можам да истакнам дека ги поддржуваме ваквите воннаставни активности бидејќи сметаме дека на овој начин се продлабочува интересот на учениците и студентите за науката, особено за инженерството и математиката и на овој начин учениците и средношколците стекнуваат вештини кои понатаму можат да им бидат од корист на пазарот на трудот, рече проф. д-р Цвета Мартиновска-Бенде, декан на Факултетот по информатика.

Честитајќи им ја победата во Белград, деканката на Факултетот по информатика изрази надеж дека дел од средношколците во иднина ќе бидат нивни студенти. Благодарност за поддршката што Факултетот им ја дава на нашите ученици изрази професорот Гордан Анастасов од средното училиште „Ѓошо Викентиев“.

- Голема чест е за нас што една ваква институција ни даде признание и застанува зад она што го почнавме пред неколку месеци и ќе биде наш покровител за регионалниот натпревар кој ќе биде во Словенија. Ние сме прв клуб од Македонија кој учествува на оваа лига и го освоивме првото место, рече Гордан Анастасов, професор во СОУ “Гошо Викентиев“.

По успехот на натпреварот во Србија, претстојниот настап во Словенија ќе биде од посилен ранг, бидејќи ќе учествуваат поголем број екипи од скоро сите поранешни југословенски републики. Учениците и нивните ментори оценуваат дека овие натпревари се интересни, но и корисни за нив, а се надеваат дека на натпреварот во Словенија, со поддршка од УГД, ќе можат да донесат уште некој медал.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click