X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

KK-Partizan26.02.2018  Во силна конкуренција од 730 учесници од Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија, каратистите на КК „Партизан“ од Кочани од меѓународниот„Ипон куп 2018“ што викендов се одржа во Лесковац, Србија, се вратија со освоени 21 медал.

Клубот учествуваше со 34 каратисти и освои 7 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали. Во кат,егоријата кати  каратистите на „Партизан“ освоија 8 медали а во категоријата „борби“ се закитија со 13 медали. Најуспешна натпреварувачка од КК „Партзиан“ на овој турнир е Мартина Шахинова со освоени 3 медали.

- На турнирот во Лесковац имаше силна конкуренција, јас се натпреварував во „кати“ и „борби“ поединечно и екипно. Во „борби“ екипно го освоивме златниот пехар, а во „борби“ поединечно во кадети го освоив првото место. Во „кати“ поединечно“ во „кадети“ го освоив второто место. Ова се ослични резултати за мене. Голем поздрав до тренерите и моите родители кои што секогаш се со мене. Јас имав четири бобри до освојување на златниот медал, беше навистина силна конкуренцијата, јас во борби се натпреварувам веќе 4 години и секој натпревар за мене е нови предизвик, рече Мартина Шахинова, член на КК „Партизан“.

- Јас се натпреварував во двете категории „борби“ екипно и го освоивме златниот медал и во „борби“ поединечно го освоив второто место. Се натпреварував во категорија „кадети“ 2003 – 2004 година. Имав три борби и не беше лесно да се дојде до ваков успех, но ќе продолжиме и понатаму со тренирање, рече Ива Таушанова, член на КК „Партизан“.

Инаку, каратистите сите овие години за учество на меѓународни турнири сами се финансираат, односно нивните родители, па затоа упатуваат апел до бизнис секторот во Кочани и до градоначалникот и општината ако е можно во иднина да финансираат дел од трошоците за учество, бидејќи нивните успеси претставуваат успех и за самиот град.

- Во сите натпревари секогаш финансиски не поддржуваат нашите родители, па затоа од тука упатуваме еден апел до бизнис секторот и до градоначалникот на општината ако можат финансиски да не поддржат во патувањето, додаде Шахинова.

Членовите на КК „Партизан“ од Кочани работат под раководство на тренерите Оливер Коцев и Јорданчо Петров кои што своите каратисти веќе ги подготвуваат за следнот турнир што ќе се одржи во Скопје, а во текот на 2018 ќе земат учество и на други државни и меѓународни турнири.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NNE при 15 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 56 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click