Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zito sneg26.02.2018  Ниските температури и снегот што падна за време на викендов, а ќе се задржи до крајот на неделата не само што нема да се одразат штетно врз житните култури, туку позитивно ќе влијаат на земјоделските посеви бидејќи ќе ги направи отпорни што добро ќе влијае за нивниот понатамошен развој.

- Снегот и ниските температури се потребни за житните култури бидејќи пожелно е и треба да поминат одреден период на ниски температури. Тоа е стадиумот наречен „јаровизација“ кој што житните култури треба да го поминат на ниски температури за да стекнат отпорност за понатамошнбиот развој и со самото тоа да плодоносат, односно да дадат добар плод кога ќе додје време за жетва. Добро е и што овие температури ќе потрајат бидејќи за житните културо е потребно одреден период дури пожелно е и до 40 или до 60 дена да бидат изложени на ниски температури бидејќи во самта билка се зголемува количината на суви материи, на шеќери што придонесува до поголема отпорност на организамот на растението, рече Валентин Захариев, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Кочани.

Исто така, додава Захариев, и самата снежна покривка делува изолационо и придонесува за добра отпорност на самите растенија за да не дојде до нивно измрзнување. Инаку, агрономите со совет до земјоделците да ги прихранат житните култури.

- Секако дека нема да измрзнат бидејќи пченицата и јачменот издржуваат пониски температури и тоа пченицата до минус 20, јачменот до минус 12 степени, така што снегот е добредојден за овие култури. Сакам да истакнам дека за земјоделците сега е добро да ги прихранат житните растенија со азотни ѓубрива, значи препорачуваме ѓубрива со 46 процентен азот. Едно прихрануавње е потребно сега, а уште едно можат да извршат некаде крајот на март или почетокот на април, додаде Захариев.

Истото се однесува и за градинарските култури кои што се во подготовка на расад така што овие култури нема да бидат засегнати со евентуален проблем на измрзнување, додава Захариев.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 157 гости и нема членови


web counter



qr code