Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

skuter elektro27.02.2018  Електричниот скутер што го нарача претходната локална власт на Општина Кочани се уште стои спакуван во најлони. До сега никој не направил сефте за до провози по улиците на градот.

Набавката на возилото ја реализираше бившиот градоначалник Димитровски, но му остави задача на својот наследник Илијев да најде пари во општинскиот буџет и да ја плати.

Освен скутерот, во пакет беше набавен и полнач на електромобили, што веќе е монтиран пред зградата на Општина Кочани, ама и него новата локална власт го наследи како неплатен мираз.

На последната седница на Советот имаше прашање до градоначалникот што се случува со целата инвестиција, со што повторно се актуелизираше прашањето за оправданоста од некои јавни набавки.

- Дали во Општина Кочани се користи набавениот електричен скутер, и ако не се користи, која е причината за тоа, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Првиот човек на Општината рече дека службите во Локалната самоуправа се соочуваат со административни процедури што го закочиле возењето на електричниот скутер.

- Пред неколку дена се завршија процедурите околу царинењето, бидејќи тој е дојден можеби повеќе од месец дена, меѓутоа заради процедурите околу хомологацијата, за која што немавме документација, тоа е возило што не се увезува толку често во Македонија, значи немаше пропратна документација и ни требаше повеќе време за да се обезбеди хомологација. Со тоа сега се направени сите чекори да дојде до царинење и возилото да се стави во функција, но ако ме прашате за што ќе го користиме, немам одговор, затоа што не знам, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Според Илијев, претходните јавни набавки што биле реализирани, но не биле платени, се уште го отежнуваат финансиското работење на Општината.

- Нашите дневни планови што ги правиме за финансирање од Буџетот ни се нарушуваат со вакви непредвидени набавки и притисоци што ги добиваме од страна ан добавувачите на оваа опрема, кои ни се закануваат псотојаноо, како што беше за компјутерите, за тревата на спортските игралишта, сега за скутерот. Значи, ние во последно време секојдневно се соочуваме да излегуваме од напите планови што се предвидени за плаќање на обврските, со цел да санираме дел од овбие обврски, да не дојде до тужба и блокирање на нашата сметка, додаде Илијев.

Нарачката на електричнот скутер и полначот за електромобили на Општина Кочани и остави обврска од буџетот да плати околу 9 илјади евра. За оправданоста од набавката претходниот состав на Советот воопшто не дискутираше.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code