X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulici sneg27.02.2018  Согласно Програмата за зимско одржување на локалните патишта и улици, КЈП „Водовод“ формираше дежурни екипи и со механизацијата со која што располага ги чисти улиците и локалните патишта со цел нормално одвивање на сообраќајот и во зимски услови.

- Имаме приоритетни места кои што ги треба да ги одржуваме, тоа е простапниот пат до болницата, до полицијата, до противпожарната единица, до сите училишта и градинки и мостовите на кочанската река. Работиме и чистиме и на периферните делови од градот и со механизацијата со која располагаме го даваме максимумот. Така ќе продолжиме и во наредните денови се до подобрување на временските услови, рече   Андреј Киров, в.д директор на КЈП „Водовод“.

Покрај тековните активности кои што ги има „Водовод“, во делот на градско зеленило претпријатието врши резидба на стари и исушени дотраени дрвја и гранки.

-Резидбата се врши поради формирање на нови крошни како и од безбедносни причини. Досега извршиме резидба на делот од улицата „Маршал Тито“ на потегот од поштата до мостот кај Шопинг центарот. Во наредниот период ќе вршиме резидба во Трговскиот центар и на улицата „Димитар Влахов“, додаде Киров.

Паралелно со чистење на улиците КЈП „Водовод“ ги чисти и тротоарите а исто така паралелно со чистењето се фрла и доволна количина на песок и сол со цел справување со поледицата посебно со најавувањето на минусните температури во наредните неколку дена.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click