Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kucinja kafez28.02.2018  Граѓанската иницијатива Кане Корзо Надеж со седиште во Скопје води кампања против нехуманиот третман на бездомните кучиња што се заловуваат во Кочани и други градови во Македонија.

Активностите се интензивирани по писмената реакција испратена до нив во врска со работењето на ветеринарниот центар од Куманово, кој ја презел обврската за заловување на животните, откако понудил најповолни услови на тендерите што ги објавиле надлежните локални институции.

Во реакцијата е наведен сомнежот дека е постапувано во спротивност со одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот кој е донесен врз основа на овој закон. Со реакција за нехуманото и незаконско постапување на операторот кој ја дава услугата излегоа од Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ од Кочани.

- Ние имаме евиденција дека моменталната состојба на терен е следна: со оглед дека кучињата што се заловуваат на територијата на општина Кочани не се враќаат во реонот каде се заловуваат, а се донесуваат од други општини, со што се крши Законот, бројката постојано варира, но не се намалува и моментално имаме околу 200 бездомни кучиња, што е фрапантно, за што имаме материјален доказ. Тоа е еден од доказите дека службата не ја извршува услугата за која е платена, рече Александра Арсова, член на Здружението „Втора шанса“.

Сомнежите за противзаконско постапување на ветеринарниот центар кај нас, беа искажани и на последната седница на Советот на Општината.

- Има фирма која што има изминат договор, а врши заловување на животни. Сето тоа се врши надвор од прописите на договорот, тоа е кривично дело ако е точно дека се случува заловување на животни, а за договор гледаме дека е распишано овој месец од страна на “Водовод“, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

Градоначалникот Илијев рече дека е точно оти претходниот договор со операторот бил истечен, но последното заловување на животните било извршено како еднократна услуга во рамки на законските одредби.

- Јавната набавка за заловување на КЈП беше истечен, а со цел тој проблем да се намали, ублажи, беше направено едно заловување што е платено по фактура и не било предмет на јавна набавка. Јавната набавка е во тек и таа наскоро ќе биде повторно во функција и заловувачот, односно фирмата што ќе биде избрана ќе ги носи и одговорностите околу начинот и условите во кои тоа ќе го прави, бидејќи тоа се работи што се пропишани со закон, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Со тендерската постапка на комуналното претпријатие од Кочани беше планирано за заловување на бездомните кучиња да се потрошат близу 400 илјади денари, што е за околу 20 отсто повисока сума во однос на претходните години.

Од Локалната самоуправа излегоа и со официјално соопштение во кое стои дека Општината е против секаков вид нехуман третман на кучињата и ќе преземе мерки, во рамките на своите надлежности, да се спречи ваквата појава. Законот точно опишува како треба да се третираат заловените животни, а од Локалната самоуправа испраќаат јасна порака дека сите чинители да се придржуваат кон пропишаните законски одредби.

Активистите за заштита на животните и носителите на граѓанската иницијатива очекуваат да се изврши увид во документите за услугите што операторот од Куманово, освен во Кочани, ги извршил и кон општините Виница, Штип, Струмица, Куманово и Македонска Каменица.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 283 гости и нема членови


web counter



qr code