Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

microchip kuce28.02.2018  Агенцијата за храна и ветеринарство изработила стратегија за справување со проблемот со бездомните кучиња и другите животни што слободно шетаат по улиците во населените места. Дел од стратегијата е вградувањето посебни микрочипови во телото на секое животно, со што полесно и во рамки на законските прописи ќе може да се реагира до нивните сопственици.

Според одговорните во Агенцијата, преземни се почетните чекори во конкретното спроведување на целите во спомената стратегија.

- За почеток набавуваме 100 илјаид микрочипови за обележување на кучињата и домашните миленици, тендерот е веќе распишан и постапката тече, ќе се обезбедат 100 илјади како што реков, ќе не чини околу 18 милиони денари.

Понатаму, со комората е договорено апликацијата на микрочиповите да биде бесплатна, а ќе се наплаќа пасошот за животното што ќе се дава, тоа ќе си го наплатат друштвата, рече Зоран Атанасов, в.д. директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Активностите за микрочипување се очекува да започнат во мај или јуни, односно откако ќе бидат испорачани микрочиповите за животните. Во меѓувреме ќе има контакти и со локалните самоуправаи за и тие да ги исполнат своите обрврски од стратегијата.

- Ќе направиме состаноци со Општините, да ги потсетиме на законските обврски кои што ги имаат, дека мораат да направат пребројување, дека мора да направат соодветни места што ќе ги обележат, каде можат да се движат кучињата, односно сопстевниците на домашни миленици каде можат да ги движат, и дека имаат договорност да формираат, односно да склучат договори со шинтерски служби или да формираат прифатилиште, односно да склучат договор со некое прифатилиште, а законска обврска е преку Советот да си донесат програма како би се српавиле со овој проблем, додаде Атанасов.

Законска обврска е секој граѓанин кој чува домашен миленик да овозможи поставување на микрочипот и да го вакцинира против беснило. Сопствениците што нема да постапат во согласност со пропишаните закони, ќе плаќаат казни. По поставувањето на чипот, податоците ќе служат за здравствена легитимација во која ќе биде заведен сопственикот на животното.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 151 гости и нема членови


web counter



qr code