X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

selo sneg planina01.03.2018  Кочанските планинари ќе им помагаат на старите и изнемоштени лица кои живеат во планинските села на Осоговијата, за што организираат хуманитарна акција. За претстојниот викенд планираат марш до куќите во неколку селски маала во кои што се уште има жители.

Членовите на Друштвото велат дека врнежите од снег и ниските температури во последните неколку денови ја отежнале сообраќајната комуникација на населението во овој регион поради што неопходна им е помош.

Во план е се однесат извесни количини храна, лекови и други неопходни продукти за да можат жителите на планинските села полесно да ги преживеат зимските услови.

Претедателот на ПСД “Осогово“, Тошо Антов, во телефонскиот разговор за Канал 8 рече дека за само неколку часа од објавувањето на апелот, се јавиле поголем број фирми и поединци од Кочани, но и од Виница, Скопје и други градови во Макеоднија кои понудиле да дадат помош. Со оглед на отежнатите услови за пешачење поради снегот, како и ограниченоста на тежината што може да ја понесе секој планинар, во план е воглавно да се однесат лекови и храна со подолга трајност. Иако имало понуди за донирање облека и слично, сепак таква помош во овој момент не би можеле да се реализира.  

Планинарите на маршот ќе пропешачат 30-тина километри и ќе посетат неколку маала во атарот на селото Полаки каде има десетина жители, кои се над 70-годишна возраст.

Секој кој има желба да донира некаков производ, лек или пак парични средства, тоа може да го направи на трансакциската сметка 240130000288258 Уни Банка, или да го контактира престедателот на ПСД “Осогово“ на телефонот 078 270 724.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click