Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

borenje101.03.2017  Краток период по изборот на новиот Управен одбор, БК “Спартак“ ги започна активностите за заживување на клубот и борењето. Тренинзите што се одвиваат во просторииите на клубот ги вратија поранешните членови, со што тие ја подобруваат својата форма.

Тоа е и причината нашиот клуб да пријави свои борачи за Државното изборно првенство во младинска и пионерска конкуренција што викендов ќе се одржи во Радовиш.

Од “Спартак“ најавија дека во младинска категорија ќе учествуваат 4 борачи, додека во пионерска се планираат петмина.

Во клубот веќе се вратиле дел од поранешните борачи, а се очекува враќање и на оние кои поради неодржувањето на тренизните извесен период се оддалечиле од работата со екипата. Тоа им дава надеж на луѓето кои го презедоа раководењето со “Спартак“ дека борењето во Кочани може да се врати на старите патеки.

Инаку, Изборното првенство во Радовиш е во категорија У-23, односно за борачи родени од 1995 до 1999 година, а со специјален лекарски преглед можат да учествуваат и борачи од генерацијата 2000. Во пионерска конкуренција пак, право на учество имаат родените 2003 и 2004, а за една година помладите неопходен е специјален лекарски преглед. Организатор на првенството е БК “Бучим“ од Радовиш.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 139 гости и нема членови


web counter



qr code