X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prokarka ulici02.03.2018  Во реализацијата на Програмата за изградба и реконструкција на сообраќајната инфраструктура за оваа година, Локалната самоуправа на Кочани го вклучува докомплетирањето на уште три улици во градот.

Се работи за делови од улиците “Скопска“, “Петар Синадинов“ и “555“ во населбата Прокарка, каде всушност и завршуваат овие сообраќајници.

Според проектната документација планирано е целосно да се завршат, односно да се доасфалтираат уште околу 830 метри на трите улици, со што ќе се обезбеди поврзување на постојните и објектите што во иднина ќе се изградат на ова локација. Општина Кочани веќе објави јавен тендер за избор на најповолен изведувач на градежните работи, а пријавувањето на заинтересираните фирми е до 19 март.

Вкупната вредност на градежните работи се планира на околу 4,6 милиони денари, а парите се обезбедени од Буџетот на Општината со Програмата за изградба и реконструција на улици и локални патишта во 2018 година.

По потпишувањето на договорот со фирмата чија понуда ќе биде избрана како најповолна, асфалтирањето на трите улици треба да се реализира во период од 3 месеци.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click