05.03.2018 Семејна расправија во Теранци во неделата доцна навечер завршила со насилство и едно повредено лице.
Според официјалното известување од Секторот за внатрешни работи во случајот биле инволвирани татко и син, при што помладиот се здобил со тешки телесни повреди, па бил пренесен во Општата болница во Кочани. Полицијата направила увид на местото на настанот, по што излезе со деталите.
- Околу 23.20 часот во семејниот дом во село Теранцидошло до распаравија и физичка пресметка помеѓу 75-годишен и неговиот 38-годишен син. Во пресметката, таткото со нож му нанел две убодни рани на синот. Од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување во болницата, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
По пријавувањето на настанот таткото бил приведен во Полициската станица во Кочани, по што се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од Полицијата исто така известија дека во саботата претпладне на улица во селото Горни Подлог сс случила сообраќајна несреќа во која потешко повреден е еден пешак. Патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот И.С. од Мојанци, удрило во пешакот 27-гподишниот Д.Д. од Крива Паланка кој се движел по улицата. Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Општата болница во Кочани бил префрлен во болницата во Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица - Кочани.