Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm izborna konferencija05.03.2018  Верификација на мандатите за новиот состав на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ Кочани, добија 19 партиски членови.

На изборната конференција што се одржа во петокот вечерта, изгласан беше и новиот петчлен состав на Надзорниот одбор партиската организација. На конференцијата беа присутни 53 делегати од 73 со право на глас, при што за новиот Надзорен одбор гласаа 42 и ниту еден против, додека за Извршниот одбор имаше 40 гласа „за“ и 1 „против“.

На почетокот од средбата на присутните делегати, членови на партијата и гости им се обрати новоизбраниот претседател на кочанските социјалдемократи, Дарко Радески. Тој се заблагодари на довербата за функцијата и даде кратки насоки за планот за работење на партијата во наредниот период.

- Партиските функционери ќе имаат поголеми партиски задолженија, поголеми обврски, но и поголема одгoворност за функциите што ги носат. Ќе понудиме институционална помош и поддршка за членството, што вклучува грижа за секој член со посветување максимално внимание и почит, создавање база на податоци за секоj член пооделено со детектирање на нивните потреби, можности и потенцијали, со цел стекнување на довербата на членовите во партијата. Ќе ја подигнеме организационата поставеност со цел функционирање на сите органи и тела во полн капацитет. Континуирано ќе се работи со членството за успешно спроведување на кадровската политика на ниво на ОО СДСМ – Кочани, рече Дарко Радески, претседател на ОО СДСМ – Кочани.

На присутните на изборната конференција им се обрати и пратеникот и член на Централниот извршен одбор на СДСМ, Хари Локвенец.

- Да ви пренесам позитивна енергија со која треба да го разгледуваме и да дејствуваме и функционораме во следниот период. Јас пред малку спомнав дека сите вие, поединечно, сте дел од големата победа што ја реализиравме на партиско ниво, меѓутоа клучните луѓе се претседателите на Месните одбори, оние кои ја донесоа победата, оние кои ја организираа победата, оние кои го владеат теренот и знаат што ќе се случува во иднина. Токму тие луѓе се вистинскиот контролен механизам за да функционираме понатаму во иднина и да функционираме квалитетно понатаму, рече Хари Локвенец, член на Централниот извршен одбор на СДСМ.

На изборната конференција како гости присуствуваа и претставници од коалиционите партии, поранешни претседатели на општинската организација на СДСМ, поранешни градоначалници и членови од партијата кои дале придонес во работењето на локално ниво.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 109 гости и нема членови


web counter



qr code