Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

planinari pomos05.03.2018  Најнеопходните лекови и извесни количини храна добија жителите на неколку маала од селото Полаки на Осоговските Планини. Им ги однесоа членовите на планинарското-спортско друштво “Осогово“ од Кочани, кои самоиницијативно организираа хуманитарна акција за собирање донации.

Според претседателот на Друштвото, Тошо Антов снегот, калта и лошите временски услови го отежнувале пристапот до куќите, поради што месното население било отсечено од цивилизацијата.

Планинарите пропешачиле околу 25 километри и посетиле десетина домаќинства со стари лица над 70-годишна возраст на кои им ги однеле лекарствата за да можат полесно да ги преживеат зимските услови.

Во акцијата учествувале десетина планинари, кои поради отежнатите услови за пешачење, како и ограниченоста на тежината што може да ја носи секој од нив, доставиле лекови и храна со подолга трајност. На апелот за собирање помош се јавиле поголем број фирми и поединци од Кочани, но и од Виница, Скопје и други градови во Македонија.

Во следната акција кочанските планинари ќе пешачат до маалата на селото Небојани кое е меѓу најоддалечените од градот.

Планинските села во Осоговијата се од разбиен тип, зафаќаат поголема територија и во зимски услови тешко се стигнува со возила.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 248 гости и нема членови


web counter



qr code