Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

manasiev zbrika05.03.2018  Петнаесетгодишниот Марко Манасиев од Виница е момчето кое својот талент за поетско изразување наместо на македонски, реши да го креира на англиски јазик.

Пред 4 месеци својата бујна инспирација ја преточи во стихови, па стиховите во песни, и за краток временски период неговото творештво се сублимираше во прво печатено авторско дело.

Со подршката од неговата фамилија и од неговата класна Емилија Павлова, Марко викендов својот скриен свет, своите ставови, размислувања за средината во која живее ги сподели со неговите врсници, но и со пошироката јавност.

- Уште како мал имав афинитети кон пишувањето, пишувам и македонска поезија, но некако полесно ми е изразувањето на англиски јазик. Првата песна на англиски ја напишав пред 4 месеци и еве во ова збирка се веќе 20-на, но има уште за објавување. Книгата е насловена “Мисли“, бидејќи ги пренесува моите мисли за осознавањето на светот и нашата секојдневна борба. Како го сфаќам светот ќе видите во песните, рече Марко Мансиев, автор на збирката.

Поетската збирка е напишна на англиски јазик , за многумина тоа може да биде хендикеп, но Марко избрал токму на овој универзален јазик да ги сподели своите емотивни приказни, рече промоторот Орце Павлов.

- Првата поетска збирка на младиот поет Марко Манасиев е енциклопедија на емоции креирана како одговор на сериозните предизвици инспирирани од секојдневието на адолесцент заробен помеѓу два света. Марко има само 15 години, а ако не го знаеме тој податок, би помислиле дека зад овој пишуван материјал стои човек кој го спознал животот во сите негови нијанси, рече Орце Павлов, рецензент на збирката.

Печатењето на првата англиска стихозбирка во архивата на општина Виница беше комплетно покриена од приватната компанија Макпрогрес.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code