Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

boraci spartak06.03.2018  Солиден успех остварија членовите на БК “Спартак“ на државното изборно првенство за кадети и пионери што се одржа во Радовиш.

Борачот Андреј Антов во пионерска конкуренција во категоријата 85 килограми имаше три победи и еден пораз во финалната борба за освојување на првото место, па на крајот се закити со сребрен медал. Ваквиот резултат за него е одлично постигнување, со оглед што учеството на првенството му беше втор официјален настап.

Неговиот клупски колега Дејан Митров, кој исто така се натпреваруваше во пионерска конкуренција, во категоријата 62 килограми имаше 2 победи и еден пораз со што ја пропушти можноста да го освои бронзениот медал и се пласираше на четвртото место.

На Државното првенство во Радовиш, БК “Спартак“ учествуваше со 7 борачи во кадетска и пионерска конкуренција, а постигнатите резултати се повеќе од задоволителни, бидејќи подготовките траеја само десетина дена.

Во меѓувреме, по изборот на новото раководство, клубот ги консолидира своите редови и ги интензивира тренинзите.

- Се работи во две групи, едната е пионери, а другата се младинци и има доволен број за да може да се води тренинг. Понатаму се размислува да се воведат и повеќе тренери и повеќе смени, а размислуваме веќе и девојчиња да почнат да вежбаат, како и секаде што има. Значи постепено, клубот се консолидира, рече Орце Митров, член на управниот одбор на БК “Спартак“.

Досега тренинзите за сите категории се изведуваа трипати неделно, а од почетокот на оваа недела сениорите и младинците тренираат секој ден.

Митров рече дека веќе се разговарало со поранешните борачи на “Спартак“, кои сега настапуваат за други клубови, и тие изразиле подготвеност да се вратат и да ги бранат боите на матичниот клуб.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code