X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

makprogres fantasia06.03.2018  Виничката компанија “Макпрогрес“ одбележува уште еден успех во своето работење, вложувајќи во нова проиозводна програма.

Се работи за брендот “Фантазија“ што опфаќа полуготови производи според потребите и барањата на современиот потрошувач, а што ќе овозможат брза и лесна подготвка на омилените рецепти.

Ова меѓу другото беше речено на свечената промоција на новата инвестиција со која се прави реформулирање и редизајнирање на брендот “Дониа“ на истоимената прилепска фабрика, чиј нов сопственик од лани е токму “Макпрогрес“.

- Ние веќе инвестираме оваа година 500 илјади евра во модернизација на опремата и планираме во втората половина на годината да почнеме и со градежни активности, да изградиме уште една фабрика таму. “Дониа“ има две фабрики, стара и нова, со тоа што старата би ја затвориле, а до неа би изградиле уште еден погон за да направиме и зголемување на капацитетите и подобрување на условите за работа, какои и продуктивноста, бидејќи на извозните пазари конкуренцијата е огромна, мора да бидеме конкурентни и продуктивни, рече Глигор Цветанов, извршен директор на “Макпрогрес“ – Виница.

Асортиманот на брендот “Фантазија“ го сочинуваат полуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за колачи и во кулинарството за подготвка на крекери, мафини и декорации на десерти.

На промоцијата на новиот бренд на “Макпрогрес“ присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески кој честиташе на новата инвестиција што ја прави виничката компанија, потенцирајќи дека ќе се работи на освојување на нови странски пазари каде ќе се пласираат нашите производи.

- Ќе се обидеме да отвориме нови пазари на Блискиот Исток и во земјите од бившиот Советски Сојуз каде мсилиме дека треба да се насочиме, бидејќи извозот во Европската Унија достигна 70 отсто и нисе се наоѓаме во ситуација кога мораме да ги бараме излезните правци во таа насока, рече Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

Во моментот производите на “Макрпогрес“ се пласираат на пазарите во над 55 држави во светот, а пред себе има поставено амбициозна цел до 2020 година за двојно да го зголеми производниот капазцвитет во однос на оној од 2014 година.

Со преземањето на фабриката “Дониа“ во Прилеп, компанијата го зголеми и бројот на вработените, односно покрај оние 640 кои се ангажирани во Виница, се приклучија 140-те работници во прилепскиот капацитет.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 62 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click