Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

cistenje reki07.03.2018  Состојбата со акумулациите од хидросистемот “Брегалница“ е стабилна, а се преземаат мерки да се спречи излевањето на водата од речните корита.

Во моментот во браната Калиманци се акумулирани 98 милиони метри кубни вода, а просечниот доток од реката Брегалница е 28 метри кубни во секунда. Поради најавите за нови врнежи од дожд и топењето на снегот, превентивно се испуштаат по околу 12 метри кубни, за да може да се амортизира зголемениот доток.

Во акумулацијата Мавровица има 2,3 милиони метри кубни, додека Гратче е полна и се прелеваат по околу 2 метри кубни вода во секунда.

Екипи од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани се ангажирани околу расчистувањето на речните корита и на каналската мрежа.

Според директорот на водостопанската подружница „Брегалница“, Дени Митров во моментот се работи со три градежни машини кои вршат ископ на каналите за наводнување и одводнување, а до сега работата е завршена со околу 50 отсто од планираното. Истовремено се работи на зајакнување на речните брегови, особено на реката Масалница, каде дошло до попуштање и излевање на водата. За среќа поплавени се мали земјоделски површини, а истекувањето ан водата е запрено.

Исто така, целосно е санирана состојбата со Зрновска Река која на почетокот на февруари се излеа и поплави овоштарници и ниви, а се работи и на чистење на коритото на Градечка Река.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 263 гости и нема членови


web counter



qr code