Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pacient07.03.2018  До почетокот на февруари имаше само 6 лица заболени од грип кои што беа пријавени во Центарот за јавно здравје Кочани.

За еден месец таа бројка се зголеми на 131 заболен, поточно, во седмата недела од годината до Центарот за јавно здравје пристигнале 131 пријава за заболени од грип.

Во осмата недела таа бројка се намалила на 123, за во деветтата недела од годината да се намали и да стивне грипот со 63 заболени, информираат од Центарот. Таа бројка е на ниво на сите општини што ги покрива Центарот за јавно здравје - Кочани.

Инаку, најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години каде што има 47 заболени, 7 заболени се на возраст над 65 години, 4 се деца од 0 до 4 години и 5 заболени се на возраст од 5 до 14 години, информира Магдалена Манасиева, директор на Центарот за јавно здравје.

Инаку, и не само грипот, туку и настинките и вирозитегинаполнијаамбулантитевоКочани. Променливото време изминативе денови дава подлога за зголемување на бројот на заболени лица со вирози и настинки, но и со грип, велатлекарите.

Инаку, за Кочани за оваа сезона беа обезбедени 900 вакцини протов грип, за општините Делчево и Македонска Каменица 500, Виница 450, Берово 350 и за Пехчево 200 вакцини, а за само три дена од почетокот на вакцинирањето во кочанскиот Центар за јавно здравје беа потрошени повеќе од половина од набавените вакцини.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 274 гости и нема членови


web counter



qr code