Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vera anastasova07.03.2018  ЈОУБ „Искра“ Кочани од први март е со ново раководство. На местото на Румена Тодорова, која што досега ја раководеше установата, за в.д. директор е назначена Вера Анастасова која што оваа установа ја раководеше четири години, од 2005 до 2009 година.

Анастасова целиот свој работен век работи во библиотеката и има големо искуство во работата и функционирањето на оваа јавна установа.

Во краткиот разговор за Канал 8, таа рече дека работата како раководител на установата и е позната и искуството ќе го искористи за реализирање на сите активности и проекти предвидени со програмата за работа за 2018 година.

Од нив позначајни се Саемот на книгата кој што се планира да се организира во месец ноември, а на кој и годинава ќе учествуваат познати издавачки куќи од Македонија, општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ на кој што учествуваат учениците од основните училишта од Кочани, одбележување на значајни датуми, издавање на билтен со творби на членовите на ЛК „Копнеж“, промоции на книги, изложби, литературни читања и слично.

Што се однесува на зголемувањето на книжниот фонд кочанската библиотека годинава планира да набави околу 1.300 наслови или 6.000 книги.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 250 гости и нема членови


web counter



qr code