Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

potpisuvanje povelba08.03.2018  Општина Кочани се обврза да ги преземе сите мерки што и стојат на располагање за подобрување на родовата еднаквост на локално ниво.

Во тие рамки, градоначалникот Николчо Илијев, претпладнето ја потпиша Европската повелба за рамноправност на жените и на мажите, со што Локалната самоуправа ќе треба да ги имплементира нејзините одредби.

- Еднаквоста на жените и мажите е право и придобивка на секое демократско општество. Потпишувањето на оваа Европска повелба значи дека и суштински ќе се залагаме за родова еднаквост. Ние, како Локална самоуправа, во рамки на нашите надлежности и во соработка со сите, многубројни фактори на локално ниво можеме да придонесеме за подобрување на оваа компонента, односно да придонесеме за подобро разбирање, подобар соживот и подобра родова еднаквост, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Секој потписник на Европската повелба за рамноправност на жените и на мажите развива, усвојува, а потоа и применува акциски план за рамноправност.

Кочани е 15-тата општина во Република Македонија, потписничка на оваа Повелба, која се обврзува да го почитува принципот на родова еднаквост и да преземе неопходни мерки за да постигне вистинска еднаквост во пракса, како клучзаекономскиисоцијаленуспех.

Потпишувањето на Повелбата е со поддршка од ЗЕЛС и од Проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети што се реализира во Општина Кочани преку Канцеларијата на UN Women во Македонија.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 255 гости и нема членови


web counter



qr code