Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

volonteri pavel satev08.03.2018  Волонтерите од Здружението “Павел Шатев“ организираа акција, при што ја искористија можноста на жените во Кочани да им го честитаат нивниот празник.

Во изминатите денови, десетина млади од Турција кои се дел од студентската размена што ја организира Здружениeто, напишале поголем број осмомартовски пораки, што ги ставија во мини пликови и во текот на денот им ги подарија на жените од Кочани.

- Смисливме една активност на која тие напорно работеа и имаме направено над 200 коверти со инспиративни пораки внатре со цел да се честита Денот на жената. Напорно ќе се работи и понатаму, на смислување нови активности, тие се доста иновативни и споделуваат активности што ги спроведуваат во нивните земји, со што се подига и свеста кај нашите граѓани, рече Филип Николовски, ментор во Здружението “Павел Шатев“.

Волонтерите различен период престојуваат во Кочани, од кои некои се само неколку недели, а има и такви кои овде се скоро половина година. Сите заеднички се трудат да го научат македонскиот јазик, а токму за 8 Март се потрудија и лично да ги пренесат своите честитки до припадничките на понежниот пол.

- Среќен 8 Март, им посакуваме пријатен ден на сите жени, рече волонтер од Турција.

- Чувствувајте се посебно, единствено и најпрекрасно, ова е вашиот ден. Среќен 8 Март, рече волонтерка од Турција.

Жените од Кочани кои добија подароци од волонтерите на Здружението „Павел Шатев“ беа пријатно изненадени од гестот на гостите од Турција. Тие пак, најавуваат дека со слични активности ќе продолжат и во наредниот период додека престојуваат кај нас.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 59%
Ветер: North при 0 kmh
Недела14°C/32°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 216 гости и нема членови


web counter



qr code