X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

proizvodstvo amfenol08.03.2018  Македонија веќе има изградено пазарно стопанство. Притоа, не постојат општествени фирми, без вистински сопственици, така што се применуваат правилата и законите што се вообичаени секаде во светот каде што постои ваквиот економски модел.

Ова е оценката на првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, најавувајќи дека капиталот мора да се чува и надградува, при што треба да се гради партнерски однсо со државата.

- Заврши трансформацијата на општествениот капитал, секаде имаме сопственици, јасно декларирани и изразени и следниот чекор е да си го браниме сопствениот капитал. Тоа значи дека од денес натаму мораме да се определиме и да се бориме за својот капитал со сите можни средства и затоа треба да ја промениме политиката и Владата на Република Македонија да ја сфаќаме како партнер во тој процес, а не како наш противник, рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Според Азески, Стопанската комора во наредниот период ќе поведе суштински иницијативи за заштита на сопственичките права, односно заштита на договорите што претпријатијата ги имаат склучено со државата и подеднаков третман во однос на плаќањата. Притоа најави дека ќе нема толерирање кон тоа државата да си ги наплаќа своите побарувања, а да не му плаќа на стопанството.

Сепак, во партнерски однос со неа, се очекуваат мерки за поддршка на малите и средни претпријатија.

- Владата се определи да оди со посебен сет мерки за малите и средни претпријатија преку Фондот за иновации, каде ќе ги поттикне иновациите, а вие слушате дека таму донациите би биле некаде и до 70 отсто, за разлика од овие кои што влегуваат во првите два столба каде што повратот ќе биде до 10 посто или максимално до 30 посто. Јас не верувам, туку сум убеден дека ова е последниот начин да фатиме некаков чекор кој што ќе не одведе на вистинскиот пат, во корелација со подобрување на инфрастуктурата и со решавање на некои наши автентични проблеми, кои што немаат врска со пазарната економија, како на пример пописот, додаде Азески.

Вообичаено малите и средни претијатија во светски рамки учествуваат со околу 80 отрсто од вкупната еконмија, па и Македонија треба да се движи во таа насока. Сепак, треба да се почитува и актуелната структура на бруто домашниот производ, посебно во извозот, каде со 16,7% доминира металургијата и со 12 % текстилот.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click