Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nivi oriz navodnuvanje09.03.2018  Водостопанската подружница “Брегалница“ го донесе годишниот план за наводнување за оваа година, со што земјоделските производители навреме ќе можат да видат кои површини ќе добијат вода и со какви култури ќе можат да ги засеат.

Во планот е предвидено да се обезбеди вода за 6.625 хектари што се опфатени со хидросистемот. Од нив под ориз ќе се засеат 3.755 хектари, што претставува зголемување од околу една третина во однос на минатогодишната сезона.

Најголеми површини со главната земјоделска култура во регионот ќе се наводнуваат во атарот на Облешево 318 , во Соколарци и Чешиново 309 односно 306 хектари, а потоа следуваат Спанчево со 292, Уларци 286, Кочани 226, Оризари 208, Грдовци и Мојанци по 190 хектари, а останатите ниви со ориз се во другите села.

Освен со ориз, годинава од хидросистемот “Брегалница“ се планира наводнување и на повеќе од 2 илјади хектари со луцерка, главно во Светиниколско, како и 1.100 хектари со фуражна пченка во Зрновско и Штипско. Останатите површини се лозови и овошни насади, градини и ниви со тутун, бостан и други земјоделски култури.

За да може планот да се реализира во целост на целото подрачје што го покрива Водостопанската подружница, ќе бидат потребни над 106 милиони метри кубни вода. Според дотокот од Брегалница, што во моментот е околу 30 метри кубни вода во секунда, како и од другите реки во регионот се очекува до започнување на сезоната за наводнување да се акумулираат планираните количини.

Според годишниот план водата во каналите треба да се пушти во почетокот на април, по што ќе започне и сеидбата на оризот.

Информацијата за изготвениот план за наводнување ќе ја разгледува и Советот на Општина Кочани на седницата што е закажана за в четврток.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 281 гости и нема членови


web counter



qr code