Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

advokati protest09.03.2018  Расте незадоволството на адвокатите откако Министерството за правда го достави пречистениот текст на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот во кој сите алтернативи кои беа дадени од Адвокатската комора на Република Македонија се целосно избришани, додека нотарскиот акт е воведен за сите правни работи.

Доколку Владата не ги прифати нивните барања, адвокатите ќе бараат поддршка од Адвокатската комора на РМ и ќе започнат со штрајк. Ова беше истакнато на денешниот состанок на адвокатите од Кочани кој што се одржа во просториите на Основниот суд - Кочани.

Меѓу другото адвокатите нагласија дека ќе се спротивстават на измените на прописите со кои директно им се нанесува штета на адвокатурата и на интересите на граѓаните.

- Со доставените измени се предлага бришење на одредбите со кои што беа предложени измени во кои што беше предвидено задолжително присуство на адвокатите во оставинската постапка. Со тие измени кои што се применуваат од први јануари 2017 година се зголеми правната сигурност во оставинските постапки, а трошокот на странките остана истиот. Исто така, со новите предлог измени на законот за нотаријат се бришат и одредбите со кои што беше предвидено изработката на исправите да може нотарот освен заверката да врши составување на исправите и му се исплаќа и за услугата за заверка која што е основна дејност на нотарите, а сега се наплака и за составување на исправите, а претходно можеше да си ги изработи самата странка или од страна на адвокат. Исто така, со овие предлог измени се укинува одредбата во која што платните налози беа задолжителни да имаат адвокатски печат и потпис. Сега доколку овие промени поминат на Влада и се изгласат повторно се воведуваме во ситуација да го субвенционираме надриписарството. На овој начин се фаворизираат 300 нотари кои што делуваат и работат на територијата на РМ, за сметка на 3.000 адвокати кои што во моментов активно работат на територијата на РМ, истакна Давор Димитров, адвокат од Кочани.

Во работната група која што ги израбoти овие предлог-иницијативи за промени на законот за нотаријат, претставникот од Адвокатската комора на РМ и сите негови предлози кои што доаѓаат во име на адвокатската комора и на сите адвокати на територијата на Македонија се одбиени, а во целост се прифатени сите предлози на нотарската комора, рекоа адвокатите. Владата, истакнаа адвокатите, мора да има сериозен пристап кон реформите во правосудството, кои и не наликуваат на реформи, туку на исполнување на нечии желби за наштетување на адвокатската професија.

- На денешниот состанок сите адвокати членови на адвокатската заедница Кочани ја прифатија иницијативата околу реформите на сите прописи кои штетат на адвокатурата и бараат нејзино корегирање и ревидирање на сите прописи, во спротивно најавуваме генерален штрајк со што ќе се доведе во прашање функционирањето на правосудниот систем во РМ, додаде   Димитров.

Адвокатите беа прецизни и рекоа дека штрајк би значело блокада н правосудните институции и дека нема да може да се преземе ниту една правна работа без адвокатите.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 68%
Ветер: SE при 7 kmh
Вторник13°C/26°C
Среда13°C/27°C
Четврток12°C/24°C
Петок14°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 135 гости и нема членови


web counter



qr code