Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

penzionerski dom09.03.2018  Откажувањето на изградбата на аеродромот во Штип оди во прилог на забрзување на постапката околу изградбата на пензионерскиот дом во Кочани, истакна градоначалникот Николчо Илијев.

Тој на денешната средба со пензионерите информираше за постигнатиот договор меѓу општината и Министерството за труд и социјална политика околу изградбата на дом за стари лица.

- Ние како Локална самоуправа продолжуваме да соработуваме и да ги подржуваме во секој поглед луѓето од третата доба и во тој контекст имавме средба со министерката за труд и социјална политика каде што уште еднаш на многу високо ниво ја истакнавме изградбата на старечкиот дом во Кочани, што е и регионален проект. Мислам дека сме на добар пат да најдеме решение за почеток на изградба на овој старечки дом. Од Владата истакнаа дека имаат предвидено средства за таа намена, со оглед на состојбата на откажувањето на изградбата на аеродромот во Штип, односно дел од средствата од таму ќе бидат наменети за такви проекти, меѓу кои и овој. Ние ја имавме таа среќа да имаме готов проект со кој што излеговме и веќе конкуриравме во Министерство за труд и социјална политика. Се надеваме на позитивен одговор и конечно со отпочнување со градба на овој значаен проект, рече Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.

Инаку, домот за стари лица што ќе се гради во Кочани ќе ги опфаќа здруженијата на пензионерите од Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово и ќе биде од регионален карактер.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 77%
Ветер: NNE при 9 kmh
Четврток-3°C/9°C
Петок-2°C/7°C
Сабота-2°C/8°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 173 гости и нема членови


web counter



qr code