X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vinica kanalizacija12.03.2018  Жителите на булеварот “Маршал Тито“ и на уште на 10-на улици во Виница во следните неколку месеци ќе можат да се приклучат на новата водоводна линија.

Реконструкцијата со исфрлање на старите азбестни цевки започна минатата недела и се работи етапно како што е најавено, вели градоначалникот Димитров.

- Во изминативе десетина дена замената на старите азбестни цевки е завршена на булеварот “МаршалТито“, и со реконструкцијата продолжуваме и на останатите улици кои се планирани со оваа фаза од проектот. Согласно досегашната динамика во одвивањето на градежните активности, очекувам реконструкцијата да заврши во пократок временски период од планираните 9 месеци. Изведувач е фирмата “Коп-инженеринг“, а инвестицијата е 6,5 милиони денари“, рече Ивица Димитров, градоначалник на Oпштина Виница.

Старите азбестни цевки ќе бидат заменети на улиците: “Славчо Стојменски“, “Браќа Миладинови“, “Раде Кончар“, дел од Булеварот “Маршал Тито“, делови од улиците “Страшо Пинџур“, “Стив Наумов“, “Илинденска“, “Димитар Осоговски“, “Димитар Влахов“, “Јане Сандански“ и “4. Македонска бригада“.

- Предвидениот рок за изведба е 9 месеци, меѓутоа во договор со фирмата мислиме дека ќе завршиме за 5 месеци. Овие улици ќе бидат комплетно реконструирани меѓутоа ќе имаме и други активности а тоа е промена на канализационата мрежа и во населените места каде што нема канализациона мрежа ќе ги регулираме овие работи, додаде Димитров.

Во Виница вкупната водоводна мрежа е со должина од 42,5 км, а повеќе од 60% е веќе завршена. Со оваа фаза е предвидено да бидат исфрлени од употреба 3.960 метри азбестни цевки. Проектот е финансиран од Европската инвестициона банка, Министерството за транспорт и врски и Општина Виница.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NNE при 15 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 66 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click