Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kanal8 demant12.03.2018  Почитуван поранешен градоначалник, Ратко Димитровски,

Нејасно е зошто вие се јавувате со демант на текстот под наслов „Раководители во Локалната самоуправа на Кочани затајувале данок на имот?“ Во моментот, колку што е познато, не сте раководител во Општината. Или пак, вие се препознавате во написот, затоа што, можеби, немате платено данок?!

Во демантот се обидувате да ја дефокусирате јавноста, но ние отворено ве прашуваме: дали вие сте свекорот што ја подучувал снаата-раководителка да не го пријавува имотот?

Дали таа пред извесно време, откако беше поставено советничкото прашање, пуштила пријава за имотот во кој живее со семејството? Дали тогаш може да ви веруваме на тоа што го пишувате – дека СИТЕ вработени целосно си ги измирувале даночните обврски?

Кога сам се наметнувате, а и поради тоа што новинарот треба да верува, но и да проверува, јавно ве прашувам вас, како поранешен вработен во Општината, а ги прашувам и Одделението за даноци, такси и надоместоци, службите за односи со јавноста, Градоначалникот и Општината:

Дали вие, Ратко Димитровски, ексградоначалник на Кочани, сте плаќале данок на имот на сè што поседувате: куќа, викендичка, компанија. Колку вкупно данок плаќате на Општината годишно? Дали по уплатата на данок, ви се враќани пари по некој основ? Дали, како што беше изнесено во јавноста, откако дојдовте за градоначалник, данокот на имот за вашата куќа бил намален, додека другите граѓани, „според новата методологија“, добија повисоки сметки?

Канал 8 сака да го види одговорот на овие прашања, уредно доставен во документација што ќе ја објавиме во целост. Затоа што, нели, вие бевте градоначалник што ја сака трансперентноста и одговорноста.

Ако никој од повиканите не нè удости со таква информација, ќе го користиме слободниот пристап до информации од јавен карактер. Oти нас, обичните новинари и уредници, никој нема да ни пушти документ „под рака“, онака како што тоа го прават општинските служби за вас. Таков е ставот на Канал 8 по демантот на ексградоначалникот Димитровски.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 282 гости и нема членови


web counter



qr code