Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

planinari pomos113.03.2018  13 планинари, членови на ПСД “Осогово“ од Кочани учествуваа во втората хуманитарна акција за помош на жителите на планинскиот регион.

Според инфромациите од престедателот на друштвото, Тошо Антов, акцијата поминала успешно, а биле опфатени стари и изнемоштени лица кои живеат во неколку маала од селото Небојани.

Во маршот што бил организиран до куќите коишто се расфрлани низ Осоговијата, биле поминати дваесетина киломeтри, а биле однеснени поголем број лекови, прехранбени и други неопходни продукти.

Антов додава дека и овојпат голем придонес за успешно реализирање на акцијата дале повеќе поединци и фирми од Кочани и регионот кои учествувале со свои донации. Поради тоа упати благодарност за хуманоста и што тие позитивно одговориле на барањето на нашите планинари.

Во двете акции, што во рок од две недели ги организираше ПСД “Осогово“, беа посетени 40 жители на селата Полаки, Небојани и Крушка, кои поради лошите зимски временски услови имаа проблеми со сообраќајната комуникација.

Со организирањето на хуманитарната кампања планинарите покажаа дека тие не се заборавени, ветувајќи дека и во иднина ќе организираат слични акции и посети на населението од планинскиот дел на општината.

Т. Ајтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{backbutton

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 281 гости и нема членови


web counter



qr code