Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ujp13.03.2018  Од вкупна бројка очекувани 15.000 граѓани од Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево што треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени приходи во 2017 година, во Управата за јавни приходи документи поднеле нешто повеќе од половина или вкупно 8.510 граѓани.

Од УЈП - Даночно одделение Кочани велат дека граѓаните уште еднаш потврдиле дека останува лошата пракса или навика да го чекаат последниот момент.

- Овие денови имаме поголема гужва од вообичаено, граѓаните доаѓаат и поднесуваат годишна да,ночна пријава за остварени приходи, но факт е дека секогаш го чекаат последниот момент за вакви работи. Од вкупна бројка на очекувани граѓани до 12 март поднеле 8.510 граѓани. Рокот е до 15 март, а ако не се испочитува ќе следуваат и казни, рече Родна Богоева, раководител на УЈП даночноодделениеКочани.

Од даночното одделение во Кочани потсетуваат дека годишна даночна пријава поднесуваат лицата кои што во текот на 2017 годин издавале под закуп станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот; склучиле авторски договор, односно оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост; ако била исплатена дивиденда или камати по основ на заем исплатен на физичко или правнолице; оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал (продажба на удел) и недвижен имот; oствариле добивка од општите игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари ; лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно биле ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во Р.М, односно имале лични примања од дипломатски, односно конзуларнi претставништва на странски држави во Р.М или пак остварувале лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет; и ако оствариле и „други приходи".

Немаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава лицата кои што во текот на годината имаат остварено поединечно само приход од: плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.

Својата обврска за поднесување на годишна даночна пријава граѓаните треба да ја извршатдо 15 март, а тоа е уште само два дена. Од УЈП Даночно одделение Кочани информираат дека одделението работи во две смени до 20 часот.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{backbutton

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 281 гости и нема членови


web counter



qr code