X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet15.03.2018  Со преполовен состав работеше Советот на Општина Кочани на редовната осма седница на која за расправа имаше 30 точки.

Уште пред усвојувањето на дневниот ред, членовите на советничката група што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата. Причина беше неприфаќањето на предлогот на советникот Лазо Митев да се дебатира за Законот за јазиците што го усвои Собрането на Република Макеоднија.

По излегувањето на опозициските советници, седницата продолжи според дневниот ред, при што најбурни дискусии имаше околу разгледувањето на завршните сметки на основните и средните училишта, на библиотеката и на детската градинка. Притоа, главна тема за дискусија беше исплатата на тужбените барања од неколку вработени во градинката, поради што од Секторот за финансии образложија дека е потребно да се направи ребаланс на буџетот.

- Вршиме пренамена, односно измена на распоредот на средствата со тоа што се врши намалување на две потставки и зголемување на една ставка. Намалувањето е во законски дозволениот износ од 20 отсто и зголемување на потставка Плаќање по судски решенија во износ од 665 илјади денари. Причината е достасани судски решенија за исплата, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Директорката на Детската градинка „Павлина Велјанова“ рече дека институцијата се соочува со проблеми произлезени од тужбени барања на петмина вработени.

- Бевме задолжени да издадеме решенија за распоредување на работни места и покрај тоа што дел од вработените ги извршуваа работните задачи на воспитувачи, да им дадеме решенија за негуватели. По ваквите издадени решенија дел од вработените, незадоволни, поднесоа приговор до Управниот одбор, а подоцна и тужбени барања до Основниот суд во Кочани, рече Лидија Серафимова, директорка на Детската градинка “Павлина Велјанова“.

Судот донел одлука во корист на вработените кои поднеле тужби и досега Детската градинка исплатила над 580 илјади денари по основ на судски решенија со извршување, а треба да исплати уште скоро толку за основниот долг и за каматата која секојдневно расте.

Членовите на Советот бурно реагираа за ултимативното и, како што рекоа, неетичко однесување на дел од вработните во градинката, кои го доведуваат во прашање нормалното функционирање на оваа воспитна институција во Кочани.

- Запознаени бевме на Комисијата дека е поднесен приговор до Управниот одбор и од страна на тужителите е дадено ултиматум средствата да бидат исплатени до оваа среда, сега што доаѓа, а знаеме дека Општината работи преку буџетска сметка и дека самиот трансфер на финансии можеби ќе биде подолг. Доколку до среда не бидат исплатени трошоците, повторно ќе се даде до градинката налог за извршување, каде треба да се платат нови 240 илјади денари по адвокати и извршители. Пари, како што кажав, наменети за храна и за ужина на тие деца, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

- Е, тоа е патриотизмот, да се земаат гевреците и јогуртот од устата на децата во градинките, за да се задоволи нечија суета, дека биле они нешто над другите и дека биле оштетени. Верувам дека пред да бидат распоредени на тие работни места е разговарано со нив, не сум сигурен и дали има потпишано договор, обично се прават спогодби дека се согласуваат да работат на места од пониско образование, меѓутоа ова е, мислам дека ќе не има во сите медиуми, на ниво на свет сме ние. Да се запрашаме, кој работи во нашите установи, кој воспитува деца. Ги повикувам сите родители кои имаат деца во градинки, да си поднесат петиција против овие неодговорни лица и да бидат повлечени, не се заслужни ни да ги воспитуваат и да ги чуваат нивните деца, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Како може лице, кое е член на Управен одбор, или претседател на Управен одбор, лице кое е дел од менаџментот на таа институција, да покрене пријава против самата институција, да не сака да соработува со институцијата, и ако има некоја неправилност да потпише спогодба, и дури веќе се оди до таму, веќе на пресуда што мора да биде извршена и која што знае дека ќе биде извршена, поради причина што е претседател на управен одбор, а знае дека во детската градинка има веќе средства, се дрзнуваат да одат до таа мера да поднесуваат извршно решение, со што дополнително да ја обремени детската градинка, рече Ѓорѓи Алексов, член Советот на Општина Кочани.

Поради актуелната ситуација во градинката, Алексов даде и предлог Советот да преземе соодветни мерки.

- Да се поведе постапка за членовите на Управниот одбор или контрола од страна на општинскиот ревизор, со што ќе се утврди дали имаме конфликт на интерес и дали имаме нарушена функција во функционирањето во управниотодбор во детската градинка, додаде Алексов.

Советниците од мнозинството, кои останаа во салата на Советот, дадоа едногласна поддршка на предлогот на нивниот колега Алексов. Потоа беше изгласана и одлуката за ребаланс на Буџетот, со што Општината ќе ги покрие трошоците за тужбите против градинката.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела-1°C/6°C
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click