Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucenici nikola karev20.03.2018  На 14. Меѓународен поетски фестивал „Замокот на Дуино“ што се одржа во Трст, Италија учениците од ОУ „Никола Карев“ повторно се вратија со награда.

Станува збор за светска манифестација на која што учествуваат училишта и поединци од цел свет. Од Македонија учествуваа само две училишта, едно од Гевгелија и ОУ „Никола Карев“ од Кочани.

Овој успех е за одбележување, дополнително што учениците престојуваа таму и беа гости на манифестацијата во дворецот на Дуино во Трст, кога и лично им беше врачено признанието.

- Ми претставува особено задоволство заради тоа што бевме дел од огромниот меѓународен спектакл Интернационалниот фестивал на поезија и творештво „Замокот на Дуино“ што се одржа во Трст. Шест ученици од нашето училиште се претставија со училишен проект на тема „Волшебноста на домот“. За таа прилика изготвивме збирка песни во која што секој ученик напиша своја песна на македонски а потоа преведена и на англиски јазик. Учениците ги презентираа своите песни на фестивалот и добија признание, пехар и книга. Пријатно бевме пречекани таму, а особено радува фактот што настапивме со учесници од училишта од разни земји како на пример Кипар, Аргентина, Мексико, Бразил и слично, рече Гордана Јефтимова, ментор, наставник по македонски јазик во ОУ „Никола Карев“.

Учениците задоволни од учеството и од специјалната награда и радосни што имаа можност да отидат во Италија за лично да си ја подигнат наградата. Ова признание за нив претставува поттик да пишуваат и творат и понатаму и да создаваат дела за паметење.

- Јас учествував на фестивалот во Италија. Бевме многу добро пречекани таму, ова е голем успех за нас бидејќи ние сме едно од двете училишта од Македонија кои зедоа учество на фестивалот. Напишав песна под наслов „Мојот дом“, рече Јована Андова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

- Инспирација за пишување ми беше моето топло семејство, напишав песна со наслов „Љубовта во домот“, рече Виолета Грчева, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

- И јас учестував на фестивалот во Италија и се претставив со песната „Благословената куќа“ . Фестивалот за нас претставуваше едно големо искуство и понатаму ќе учествуваме на слични натпревари, рече Ана Томева, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

- На овој фестивал јас се претставив со песната „Топлината на мојот дом“ . ова беше големо искуство за нас и мотивација за пишување. Се надевам дека ќе учествуваме уште на многу такви конкурси и натпревари, рече Мартина Пулкоска, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

- Покрај успехот што го постигнавме ние исто така другарувавме со многу ученици од разни држави. Мојата песна беше со наслов „Магијата во нашиот дом“, рече Ана Јорданова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

- Освен што добивме вредни награди, стекнавме и големо искуство на фестивалот. Насловот на мојата песна беше „Топло огниште“, рече Андреј Басовски, ученик во ОУ „Никола Карев“.

Учениците се претставија со изработка на своја поетска книга составена од песни на македонски и истите преведени на англиски јазик. Патувањето на учениците и менторот во Трст, Италија финансиски беше поддржано од бизнис секторот од Кочани.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 2 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок17°C/32°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 182 гости и нема членови


web counter



qr code